Инкубација на диктатурата

Епидемијата и диктатурата имаат две заеднички особини: и едната и другата се хранат, опстојуваат и се шират преку луѓето кои не ги препознаваат симптомите. И епидемијата и диктатурата имаат период на инкубација. Кога граѓанинот на крај ќе се најде на оддел за интензивна нега или пред суд, веќе е доцна.

Граѓанинот мисли дека таква работа никогаш не може и нема да му се случи нему или на неговите најблиски, партнерот, децата, родителите, братот или сестрата: тоа секогаш им се случува на други, на они кои не ги почитуваат правилата, противречат и одат во спротивен правец. 

Ако ги почитува правилата на епидемиолошката служба, граѓанинот нема на улица да собере вирус; ако ги почитува правилата на својата држава, нема на улица да го собере полиција. Правилата, се разбира, се напишани за доброто на граѓанинот, бидејќи вирусот не почитува граници и ограничувања па ги напаѓа дури и луѓето кои се држат до правилата на епидемиолошката струка; тоа, имено, е епидемија. Кога пак полицијата не ги почитува границите и ограничувањата, тоа се вика полициска држава, или накратко диктатура.

Епидемијата и диктатурата имаат две заеднички особини: и едната и другата се хранат, опстојуваат и се шират преку луѓето кои не ги препознаваат симптомите. И епидемијата и диктатурата имаат  период на инкубација.

Кога граѓанинот на крај ќе се најде на оддел за интензивна нега или пред суд, веќе е доцна. Инкубацијата беше она меѓувреме во кое тој мислеше дека тави работи не можат д му случат нему или на неговите најблиски, партнерот, децата, родителите, братот или сестрата.

Кога мислеше дека епидемијата и диктатурата секогаш му се случуваат на некој друг.

Борис Дежуловиќ
целата колумна овде

8 април 2020 - 15:38