Во изминатите 30 години никој не го контролираше интернетот, и за луѓето кои ја создадоа мрежата тоа не е баг, туку е функционалност. Неделава околу 2.000 луѓе се собраа на конференција во Дубаи, со цел да го променат ова.
Ватикан и официјално го претстави личниот Твитер акаунт на папата Бенедикт XVI-ти. Уште нема ништо твитнато а веќе има повеќе следбеници од тебе и сите што ги знаеш, заедно.
Досегашниот успех на интернетот се должи на отвореноста на целата платформа која се развиваше низ дискусијата на научниците, инженерите и корисниците, без притоа да биде контролирана од која било организација. Наскоро се ова може да се смени и контролата на интернетот да заврши во О.Н. организација озогласена по својата тенденција да ги затупи работите.
Секој пат кога Фејсбук ќе направи апдејт на политиката за приватност, луѓето некако мислат дека можат да ги сопрат промените објавувајќи еден конкретен статус на својот ѕид.
Неколку населби во Канзас сити беа избрани од Гугл за експериментално пуштање на нивната услуга Гугл Фајбер (интернет од Гугл). Првите резултати се комплетно застрашувачки за останатите провајдери во САД.
Кина комплетно го излудува Микрософт и тоа не заради бескрајното пиратирање на нивниот софтвер, туку затоа што не сака да престане да користи Интернет Експлорер 6.
Во најава е апаратче кое ветува дека ќе ви го врати интернетот онаков каков што го сакате и ќе ги блокира сите досадни и иритирачки банери на вашите омилени веб сајтови. Нормално, кваката е во тоа што ако апаратчето стане ултра популарно, добар дел од вашите омилени сајтови нема да постојат.
Најпопуларната апликација за фотографии за смартфон, од вчера официјално лансираше и веб профили за сите свои корисници кои ќе бидат достапни на лаптоп и десктоп компјутери.
Франција и официјално побара од Гугл да плати данок на парите што ги направил во земјата во изминатите 4 години. Даночната пријава за Гугл е на 1 милијарда евра.
Случајно фатена фотка од еден плавоок и фотогеничен бездомник од Бразил направи дечкото да стане предмет на романтични фантазии и миленик на женската популација на Фејсбук. Вистината, не баш романтична.
Готфрид Свартхолм (ко-основачот на Пајрт беј) повеќе од еден месец е во ново изградениот затвор на 15 минути од Стокхолм, и целото време е затворен во самица како казна за нешто што нема никаква врска со Пиратскиот залив.
Знаејќи што карактер е, и дека никогаш нема да го испочитува ветувањето што си го дал сам на себе дека нема да си го троши времето на Фејсбук, еден од познатите блогери за продуктивност во САД решил да ангажира некој што со шамари ќе го одвикне од ФБ.
Деновите излезе ново истражување според кое социјалните медиуми се најнеодоливата активност за луѓето. Повеќе од цигари, повеќе од секс, повеќе од спиење.
Гугл, компанијата за интернет пребарување кој исто така има и 35 други бизниси, уште еднаш ќе го прошири своето портфолио овој пат додавајќи оддел за финансиски услуги.
Од денес Јапонија е "најталибанската" држава во борбата против онлајн пиратеријата, воведувајќи 2-годишни затворски казни за сите што ќе бидат фатени со нелегално симната музика или филмови.
Една од високите функционерки на германската Пиратска партија, која бескрајно се залага сите содржини на интернетот да бидат бесплатни, побара да прекинете да и ја копирате нејзината книга.
Во прва ваква одлука во историјата на интернетот, еден холандски суд одлучи дека објавување на хиперлинкови до туѓи содржини (под одредени околности) е прекршување на авторски права.