Статусот гласи: "In response to the new Facebook guidelines I hereby declare that my copyright is attached to all of my personal details, illustrations, graphics, comics, paintings, photos and videos, etc. (as a result of the Berner Convention). For commercial use of the above my written consent is needed at all times!
(Anyone reading this can copy this text and paste it on their Facebook Wall. This will place them under protection of copyright laws. By the present communique, I notify Facebook that it is strictly forbidden to disclose, copy, distribute, disseminate, or take any other action against me on the basis of this profile and/or its contents. The aforementioned prohibited actions also apply to employees, students, agents and/or any staff under Facebook's direction or control. The content of this profile is private and confidential information. The violation of my privacy is punished by law (UCC 1 1-308-308 1-103 and the Rome Statute)."
За жал оваа порака има и ќе има нула влијание на тоа што Фејсбук може и не може да направи со вашите информации, бидејќи во основа се додека вие го користите правото да ја користите мрежата на Фејсбук, ќе мора да ги следите нивните правила.
"Корисниците на Фејсбук не можат ретроактивно да негираат кои било од условите за приватност и авторски права на кои се согласиле кога го отвориле својот Фејсбук профил, ниту пак можат еднострано да променат или да оспорат кој било нов услов за приватност и авторски права наметнат од Фејсбук, со едноставно објавување на некакво правно соопштение на нивните Фејсбук ѕидови," објаснуваат од сајтот Snopes, кој уште пред една година го поби овој мит.
Законот наведен во статусот, UCC 1 1-308-308 1-103, често пати се користи од луѓе "навлечени" на теории на заговор, кои веруваат дека овој закон и дава на личноста "посебни права."
Начините на кои корисниците на Фејсбук можат да ја зачуваат својата приватност се воопшто да не се зачленат на мрежата, да го избришат својот профил или да го натераат Фејсбук да ја промени политиката за приватност. Исто така, разумно решение е и да не ставаш на Фејсбук и воопшто на интернет нешто што ти е важно во животот.