Малку е веројатно дека Северна Кореја ги платила лиценците за Фотошопот што го користи кога сака да го плаши светот, исто како и тоа дека луѓето од режимот само службено го користат пристапот до торенти.
Сервисот за слушање музика, Spotify, одлучи да се рекламира кај еден од своите најголеми конкуренти, ЈуТјуб, каде за почеток ќе купи тејковер банер на насловната страна.
Ако тргнеме од тоа дека копирањето не е кражба, Ватикан може раат да биде околу своите торент навики. Содржината на торентите што ги симнуваат, од друга страна, може да биде спорна.
Во последниве 5 недели двете компании го преговараат евентуалното купување, кое е заглавено само заради инаетот на Whatsapp да не се продаде под 1 милијарда долари.
Околу 40 агенти упаднаа во домот на најпознатиот "руски" експерт за оружје и експлозиви на ЈуТјуб, "FPS Russia", кој во своите видеа редовно тестира најбесно (легално достапно) оружје. Прекршокот? Почнал да прави пари на ЈуТјуб.
На седмиот роденден Твитер има над 200 милиони корисници, кои создаваат над 500 милиони твитови на ден. Во целото ова време и на толку народ, почнуваат да се создаваат лоши навики кои некако сосема природно си дојдоа, од самите луѓе.
Во четврток е седмиот роденден на Твитер, еве неколку работи на оваа тема заради кои е прилично чудно што платформата воопшто го дочекала првиот роденден и која улога ја има денес.
Стануваш во 7, работиш до 17:30 или повеќе, се враќаш назад во соба, јадеш инстант нудли, гледаш епизода на "Prison Break," си легнуваш. Утре повторно.
Со секој нов редзијан, промена на приватноста или на правилата за користење, Фејсбук менува по нешто и во профилот и начинот на кој го менаџирате. Ова најдобро се познава по бројот на полиња што денес ги има ФБ.
Рамзан Кадиров е човек со многу гајлиња. Ја води сиромашната Чеченија која тешко се опоравува од беспоштедната војна. Постојано е на тапет заради кршење на човековите права и корупција. А од неодамна, овој живописен лик има уште еден товар на плеќи - Инстаграм.
Кои било две веб страни на интернет се поврзани меѓу себе со 19 кликови или помалку, пресметал еден унгарски физичар. Иако нема точна бројка се смета дека моментално има околу 14 милијарди интернет страни.
Една милијарда долари е цената што Гугл годишно ќе му ја плаќа на Епл за правото да биде дифолтен пребарувач на iOS оперативниот систем. Ова не значи дека ќе престанат да се расправаат и судат за другите работи.
Во конкуренција на вируси, кинески хакери, албански хакери и колегата од ИТ што ви ги чита пораките, и понатаму бившиот партнер преставува најверојатниот извор за некоја ваша информација (слика) да се појави на интернет.
Германскиот суд одлучи дека заради тоа што интернетот е "суштински" дел од животот на луѓето, интернет претплатниците имаат право да го тужат својот провајдер кога ќе снемаат интернет.
Дури ни Гугл не верува дека вашите пасворди се безбедни. Кога ни повеќефазните логирања и сериозни енкрипции не ги даваат очекуваните резултати, се размислува за хардверско решение на проблемот – усб бижутерија.
Деновиве постепено низ цел свет треба да биде пуштен МЕГА сервисот на Ким Дотком, кој сериозно се заканува засекогаш да го демонтира комплетниот светски систем на авторски права.
Во 2012 бројот на меил корисници во светот пораснал на 2,2 милијарди, кои дневно праќаат околу 144 милијарди мејлови. Годишниот извештај за користењето на интернет во 2012-та.
Фејсбук почна со тестирање на некои екстремни цени за најавената опција која во основа ќе го стави вашиот Фејсбук инбокс на продажба. Прво сандаче на продажба е инбоксот на Марк Закерберг.