Бизнис

Помина најдоброто од капитализмот

Во богатите земји е готово, а во сиромашните (кои сега почнуваат да ја совладуваат индустријализацијата) ќе биде готово до 2060-та, по ова економски раст ќе биде невозможен без сиромашните да станат уште посиромашни.

Јавноста обожава да пие нафта

Големците на ЕУ деновиве го потпишаа договорот со Украина кој беше повод за целата криза во земјата. Европа прогласи историска победа повторувајќи дека се можни санкции кон Русија. Во позадина, Бритиш Петрол и рускиот нафтен гигант Роснефт најнормално потпишаа долгорочен договор за соработка тежок милијарди долари.

Како трошат пари луѓето што ги имаат

Иако онлајн продажба е клучниот збор во изминатата деценија, на секој 1 долар потрошен во интернет продавница, се трошат 10 (и нешто ситно) долари во регуларна продавница. Разликата меѓу потрошувачката на храна за бебиња и храна за домашни миленици е уште поголема, и тоа не во корист на бебињата.

Банката што владее со светот

Од почетокот на крахот на светскиот финансиски систем, секој пат кога ќе се појавеше нова зуцка, обавезно прво се споменуваше името на една банка - Голдман Сакс.

Економијата страда заради мирот во светот

На сите фактори кои се виновни за бавниот раст на економијата, се приклучи и еден фактор на кој работи целата планета и секоја можна мисица - мир во светот, односно "упорноста и очекувањето на мир."

Епл прави мега-маркетинг агенција

Во потег кој во времето на Џобс би се сметал за безбожно прекршување на врската меѓу Епл и TBWA/MAL, на состанок меѓу двете страни директорите на Епл ја прекинале презентацијата и на агенцијата и извадиле друг предлог за кампања, велејќи само: "Ова повеќе ни се допаѓа." Конкурентскиот предлог бил создаден од внатрешната маркетинг агенција на Епл.

Коцки мраз од по 8 долари се продаваат како алва

И да дојде таква идеја на човек за започнување бизнис, одма ќе ја отфрли и ќе размислува да понуди нешто што на луѓето им треба. Е, тука човек греши.

Амазон стана преголем за да биде бојкотиран

"Ако го бојкотирам Амазон, каде на Менхетен ќе најдам бебешки пелени? Особено број 7?"

Кога брендовите крахираат под сопствениот успех

Кај Американците примери се џакузи и фризби, кај нас меѓу другите ги имаме каладонт и монтки, брендови кои што се толку моќни што станале генеричко име за цела категорија производи. Одлично признание, кое е еден од главните знаци за неминовната смрт на брендот.

Економијата под опсада на пирамидални измами

По дефиниција измамата е во тоа што парите од инвеститорите не се користат за финансирање на бизниси кои би можеле да донесат пари, туку измамниците парите од новите инвеститори ги користат за исплаќање профит на старите инвеститори. И така во круг додека не пукне.

Алибаба и неговиот главен разбојник

Алибаба навистина е монструм од компанија. Во мал стан во 1999-та година ја има основано Џек Ма, еден чуден гениј кој денеска тежи преку 8 милијарди долари. На таа тема. 

Каде умираат непродадените автомобили

За да вадат профит автомобилските компании мораат да продолжат со одржување и зголемување на бројот на произведени автомобили. За да произведуваат автомобили треба да има побарувачка за истите, а нема. Решение: џиновски паркинзи.

Најголемиот маркетинг пишман

Она што требаше да биде создавање на 35 милијарди долари вредна маркетинг агенција, ќе заврши само како неуспешна идеја, откако Омником Груп и Публицис Груп решија да го прекинат процесот на спојување. И на двете компании им станало премногу комплицирано.

Виза, Мастеркард и кауцијата од речиси 4 милијарди долари

Затоа тоа што Виза и Мастеркард, како глобални системи за плаќање, се однесуваат доста локално и послушно секој пат кога САД ќе воведе санкции против некого, Русија одлучи со нив да почне да работи со оставање кауција.

Економисти размислуваат за забрана на банките

Сериозни економисти сериозно ја разгледуваат опцијата да се забрани модерното банкарство. Идејата изгледа луда и неостварлива, но, кризите во кои упаѓаат модерните држави ја прават логична.

Каде сме биле грешка за најбогатите

Најголемиот "грев" е што цело време се удира по кутрите најбогати 1% од населението и како нивните приходи се небесно пораснати во однос на останатите 99%. Всушност проблемот се најбогатиот 1% меѓу најбогатите.

Кај што има банкар, има и начин

ЕУ воведува нови правила со кои се ограничува колкави бонуси можат да делат банките. Банките воведуваат нови правила за тоа што е бонус.

Дали Елон Маск сака да биде Тони Старк?

"Тесла Гигафактори" е фабриката која ќе има капацитет до 2020-та да произведе доволно акумулатори за 500.000 Тесла автомобили. Проблемот е што сите се сомневаат дека Тесла ќе продаде 500.000 автомобили до 2020-та, а специјалните акумулатори направени за електрични автомобили е многу веројатно да завршат во армијата.

Милијардери пукнати за субвенции

Компании кои се дел од Топ 500 листата на Форчун (што е гаранција дека се незамисливо пребогати), минатата година добиле субвенции од американската влада во износ од - 63 милијарди долари.

Меракот да се стави бензин за округла цена

Научници следат како Американците полнат бензин на една бензинска во Њујорк. Ги пребројуваат и заклучуваат дека речиси 70% кога полнат бензин гледаат да заокружат на најблискиот цел број.

Колорадо има глуп проблем со легалната марихуана

После два месеца легална продажба на марихуана Гувернерот на Колорадо изјави дека погрешил во пресметките околу оданочувањето и годинава од овој бизнис ќе соберат околу 30 милиони долари повеќе од предвиденото.

Богатите и нивните пари

Поделбата на богатите е на две групи на луѓе - оние кои заработуваат над 500.000 долари годишно и оние чија нето вредност е над 1 милион долари. Овие две групи многу поинаку гледаат на работите. Третата група е остатокот од народот.

Како се хакира логиката на цените

Кога се работи за цените, луѓето не се однесуваат рационално, и најдобрите компании тоа го знаат. Нетфликс планира да го направи она што никој во САД последниве години не го направил - да дигне цени.

Гугл ја продаде Моторола на Леново

Пред помалку од две години испружи скоро 13 милијарди долари, сега ја продаде за нецели три милијарди. Зијанот не е толкав како што личи на прв поглед но сепак е признавање на неуспехот.