Речиси и да не остана еден единствен авторитет кој не ја нападна компанијата и нејзиниот ЦЕО, 32-годишниот Американец со албанско потекло, Мартин Шкрели. На листата луѓе што Шкрели си ги навлече на грб, се ИДСА (Infectious Diseases Society of America), ХИВМА (HIV Medicine Association), Хилари Клинтон, докторски асоцијации и новинари.
Производството на Дараприм до пред неколку години чинеше околу 1 долар за таблета. Лекот е лиценциран и дозволен за употреба уште од 1953-та, и сето ова време неговата цена беше горе долу идентична.
Одбраната на Шкрели е дека лекот до сега имал некоректна цена, и дека си можел само со 100 пилули Дараприм да ја излечиш болеста, за некои си илјада и нешто долари, наспроти други болести чие лекување чини стотици илјади долари.
Интервјуто на Шкрели за Блумберг и обидот да објасни дека се во право со поскапувањето: