
За подобра перцепција, Фергус Каминг објаснува дека овие 2300 милијарди евра се еднакви на (едно од овие):
- вкупната вредност на добрата и услугите произведени во Обединетото Кралство во 2013-та.
- повеќе од вкупната вредност на кредитите за домаќинство во Обединетото Кралство.
- повеќе од една третина од вредноста на целото злато што некогаш е ископано во историјата на човештвото.
- повеќе од два пати од вредноста на сите евро банкноти и монети што се во оптек.
- седум и пол пати повеќе од номиналната вредност на долгот на грчката влада.
На крајот од август, кинеските берзи изгубија уште дополнителни 1300 милијарди евра.
На рекордната загуба и претходеа 12 феноменални месеци, во кои кинеските пазари се зголемија во вредност од 4950 милијарди евра.