Терминот што ние го користиме, визит-карта, потекнува од времето кога аристократијата и членовите на кралските семејства патуваат низ Европа, па овие картички служеле за на потенцијалниот домаќин да му се најави нивното пристигање. И потоа има цела процедура која се базира на овие картички, со која се утврдуваат детали околу посетата.
Паралелно со шетањето на аристократијата, картичките почнуваат да ги користат и трговците кои патуваат низ Европа. На нив има име и бранша на трговецот, како и мапа каде може да го најдат.
Денешниве визит-карти, инаку во остатокот од светот прифатени како бизнис-карти, ја добиваат својата слава во 60-те, како што бизнисмените се повеќе почнуваат да се вмрежуваат во денешна смисла на зборот.
Во целата интернет-технолошка револуција која ни се случува, имаше претерано многу обиди визит-картата да се претвори во излишно парче хартија, и сите тие претерано многу не успеаа ниту да ја помрднат визит-картата од нејзината позиција (Бумп, Кардманч, Кардклауд...).
"Една од причините зошто мислам дека визит-картите ја одржаа својата популарност е затоа што тие се опиплив начин да се оствари човечка врска, е што и покрај сите мејлови и четови и социјални мрежи, остварувањето на конекција со други човечки суштества и предавањето на твојата визит карта за време на некоја средба станаа дел од бизнис културата. Ова е навистина опиплива врска, и речиси продолжеток на нивната личност и нивниот бизнис," објаснува основачот и претседател на компанијата за печатење визит-карти Постнет, Брајан Спиндел.