"На краток рок ова треба да придонесе за економски раст. Растот на јавните трошоци кои ќе бидат потребни за сместување, хранење и за друга помош за бегалците ќе придонесат кон растот. Потрошувачката ќе придонесе околу 0,2 до 0,3 проценти кон растот на БДП-то за следната година," пишуваат аналитичарите на Кредит Свис во документот до клиентите.
Нивната процена е дека сите овие пари ќе влезат директно во економијата наместо на банкарските сметки. Тие потсетуваат и на еден извештај од ОЕЦД според кој мигрантите ќе придонесат повеќе пари во даноци отколку што ќе добијат како помош.
Долгорочната придобивка се однесува на пазарот на труд во ЕУ, каде Германија и Италија имаат се поголем број на пензионери. Проблемот со ова е што сите овие пензионери добиваат пари од работната популација на своите земји, а заради растечката бројка се зголемува и "стапката на зависност" меѓу старата и работно способната популација.
"Додавањето на млада мигрантска работна сила на веќе постојната работна сила која е во години го продолжува нејзиниот долгорочен потенцијал за раст. Повеќе од три-четвртини од мигрантите се на работна возраст и можат да го обезбедат снабдувањето со работна сила потребно во проценките за потенцијален раст на БДП-то," стои во анализата.