Во документот подготвен од ЕУ парламентарците за потребите на состанокот на ЕУ министрите за финансии во Талин, се заклучува дека членките на Унијата само од Гугл и Фејсбук изгубиле 5,4 милијарди евра данок на приход во периодот од 2013 до 2015.
Таму се повторува досегашната пракса на дигиталните корпорации "да го минимизираат сопствениот даночен товар во ЕУ со тоа што сите приходи ги вртат преку ЕУ членките со ниски даночни стапки како Ирска и Луксембург".
Според извештајот Гугл вон ЕУ плаќа данок во износ од 9%, додека во рамките на ЕУ данокот паѓа на 0,82%. Кај Фејсбук има уште подрастична разлика па нивната даночна стапка вон рамките на ЕУ изнесува 28 и 34 проценти, додека во ЕУ е "на неверојатно ниско ниво од 0,03 проценти до 0,1 процент".
Бидејќи ЕУ го даночи профитот, а не приходот, на компанијата, Амазон речиси комплетно е исклучен од плаќање данок во Луксембург во периодот 2013 - 2015 бидејќи во овие 3 години најголемата он-лајн продавница на светот нема пријавено никаков профит од работењето во ЕУ.
Постојните правила на Унијата налагаат он-лајн компаниите да плаќаат даноци само онаму каде што имаат физичко присуство и каде што се даночни обврзници, без разлика каде ги генерирале овие профити.