Таг: кина

Кина стави под клуч цел 4-милионски град по 6 нови случаи на ковид

Освен во итен случај никој од 4 милиони жители на кинескиот град Ланџоу во идниот период нема да смее да го напушти својот дом. На страна тамошните 6, во Кина има пријавено уште 23 нови случаи. Во цела Кина.

Колку инает има во неносење маски?

Кинез милионер влегува во банка и веднаш е укорен за тоа што не носел маска. Првата реакција на ова му е трајно да ја напушти матичната банка.

Кажи ми најгрд кој е: натпреварот за најбизарен објект во Кина

Во Кина повеќе од една деценија се организира натпревар за 10 најгрди објекти во земјата. Меѓу нив има некои кои се навистина такви, но истовремено се шармантни во својата неубавост.

Напуштањето на Авганистан е лекција за Тајван

Додека Западот уште се пакува во Авганистан, кинескиот Глобал тајмс во едиторијал му порачува на Тајван дека поуката што треба да ја извади од Авганистан е дека кога ќе избие војна во теснецот, одбраната на островот ќе колабира за неколку часа, а американската војска нема да дојде да помогне.

Неверојатниот скок на 14-годишна Кинеска која ги запрепасти сите и освои злато

Кинеската тинејџерка Цјан Хонгчан која се натпреварува во скокови во вода, во четвртокот освои златен медал по епски скок во турнирот 10 метри платформа.

Кина сред најголемо избувнување на ковид-19 од Вухан

Нанкинг е новиот центар на епидемијата во Кина, од каде ковид-19 се прошири во пет провинции и во Пекинг.

Не е прстен туку скара на ќумур: што е со погрешните кинески тетоважи?

Во 2019, прославувајќи го успехот на својот нов хит сингл „7 прстeни“, Аријана Гранде си направи тетоважа на внатрешната дланка. Тоа требаше да бидат канџи - јапонски симболи за изразот. Но набргу се покажа дека тетовирала „мала скара на ќумур“.

И СЗО почна да се дистанцира од извештајот за потеклото на ковид-19

Првиот човек на СЗО изјави дека било „избрзано“ што се отфрлила теоријата за протекување на ковид-19 од лабораторија, бидејќи сепак во лаборатории „се случуваат несреќи“.

„Тангпинг“: кинеското контракултурно движење на намалени желби и очекувања

Нова контракултура во Кина ги отфрла динамичните и стресни работни места за да може да ужива во малите нешта. Партијата ги стигматизира како срамни примери.

Во Кина во тек е американскиот кошмар

Шопинг национализмот кој еруптираше во Кина во времето кога САД го забранија Хуавеи во светот, сега има втор бран во знак на гордост на тоа како Кина закрепнала од ковид-19 и резултира со милијарди долари потрошени исклучиво на кинески брендови.

Камион кучиња спасен од кинеска кучијада

Иако најголемиот дел од населението во Кина не јаде кучиња, сепак заради пребројноста на Кинези доволно е и само мал процент да јаде за да може организираат фестивали на кучешко месо.

Кина бе, аман

41-годишен маж од источна Кина е хоспитализиран на 28 април, а еден месец подоцна на 28 мај е дијагностициран со првиот случај на птичјиот грип Х10Н3 кај човек.

Видео со дебелото дете, газда на клуб во Кина кое мора да игра

Откако фотографии со дебелиот фудбалер, богат сопственик на клуб во Кина станаа вирални, решивме да изрудариме нешто за него.

Инфлација нема, за сега

Прво порасна побарувачката на сè и сешто, па пораснаа цените на суровините, и сега пораснаа цените на производителите во Кина. Збирниот заклучок од ова е дека светска инфлација најверојатно нема да има.

Западните компании во Кина подлегнаа на Стокхолмскиот синдром

Истите овие компании што на Западот се во постојана трка по „освестеност“ и политичка коректност, во Кина од страв да не ги антагонизираат тамошните власти и прифатија заложничко размислување.

Заборавената кинеска верзија на „Дон Кихот“

Меѓународниот ден на книгата се прославува на 23 април, датумот на смртта на Сервантес. Оваа година одбележувањето вклучува и шпански превод и повторно објавување на заборавена верзија на „Дон Кихот“ на кинески.

Кина им даде шанса на веб-гигантите да се „само-корегираат“ да не бидат како Западот

Прва беше Алибаба која мина со казна од 2,8 милијарди долари, и таа е наведена како пример за 34 други локални гиганти на кои кинеската држава главно им го забранува насилничкото монополско однесување карактеристично за западните веб џинови.

Кинеската вакцина држи до брендот „кинеска“

Ефикасноста на кинеските вакцини не е висока, е најдоброто нешто што кинеските власти имаат да го кажат за своите вакцини.

„Перењето“ на Вухан

Извештајот на Светската здравствена организација за потеклото на Ковид-19 е одек на кинеската пропаганда, пишува Вол стрит журнал во својот едиторијал.

Кина веќе не ја почитува Америка - и има и зошто

Како што Бил Маер совршено ќе сумира пред неколку денови, главната разлика меѓу двете држави е што Кина се уште може да истурка големи проекти, а Америка, не баш.

Мемоар за една зима помината на -30 со номадски сточари

Нов мемоар на Ли Џуан, „Зимско пасиште“, неодамна објавен на англиски, е приказна за една зима која кинеската есеистка ја поминала живеејќи со сточари во сeверозападна Кина.

Зошто Кина се сврте против својот најпознат милијардер, Џек Ма?

Основачот на Али Баба во ноември требаше на берза да ја извади својата финансиска компанија АНТ груп, која од првичното продавање акции требаше да собере околу 35 милијарди долари. Ова не се случи исклучиво благодарејќи на кинеските власти.

Кина не запира во обидите да ја смени приказната за настанокот на ковид-19

Додека светот се бори да ги пофаќа илјадниците случаи на ковид-19, Кина (која со милијарда и триста луѓе упорно стои на околу 87.000 заразени) активно работи да ја смени приказната за тоа од која држава дојде вирусот.

Беше расен стрелец во Порто, дојде во Атлетико Мадрид, а сега хип-хоп артист

Скоро и да немаше коло во Лига на шампиони или во португалската Примеира, а неверојатниот Џексон Мартинез да не беше на листата на стрелци за Порто. Расен шпиц во рангот на Фалкао и Халк кој за жал повредите го спречија да го покаже целиот свој раскошен талент.