Кинезите масовно нагрнаа на купување кинески производи во знак на револт кон странските брендови во земјата.
Купувачите се задоволни затоа што ем купуваат свое, ем, пример во облека, моделите се правени по азиски мерки, а не по американски или европски, што прави тие многу подобро да и пасуваат и да се покомотни.
Ваквото расположение кај купувачите веднаш се пренесува и кај инвеститорите кои во првите пет месеци од годинава имаат инвестирано 11 милијарди долари во кинески брендови, што е два пати повеќе од минатата година.
Објаснувањето на инвеститорите е дека „Кина е најлесниот пазар за нешто да се издигне во продажба од нула до 100 милиони јуани (13 милиони евра)“.
Скокот во потрошувачка на кинеско е сериозно поддржан од постојната индустриска инфраструктура која на брендовите им дозволува брзо да го зголемат производството за да ја покријат побарувачката.
Дополнителен катализатор кој ги турна работите во корист на кинеските брендови беше и неодамнешниот бојкот на Адидас, Најк и Х&М на памук од Кина заради прекршување на човековите права.
Од април вредноста на акциите на кинеските производители на спортска опрема Икстеп, Ли Нинг и Анта порасна за 196, 60 и 38 проценти.