Освен ова, директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ја повикал Кина да биде потранспарентна во истрагата за потеклото на коронавирусот.
Во ретко отворена изјава Тедрос објаснува дека научниците кои на почетокот од годинава заминале за Кина да го испитуваат потеклото на вирусот имале сериозни предизвици во добивањето пристап до чисти податоци од кинеските власти.
Тој оценува дека било избрзано тоа што одма се отфрлила теоријата за протекување на вирусот од лабораторија и дека тоа сериозно го поткопало извештајот од истрагата на СЗО.
„Јас работев како лабораториски техничар, и јас сум имунолог и имам работено во лабораторија и во лабораторија се случуваат несреќи. Тоа е честа работа,“ изјавил Тедрос.
Директорот на СЗО објавил дека организацијата прави подготовки за нова истрага за потеклото на ковид-19, дополнувајќи „се надеваме дека ќе имаме подобра соработка за да стигнеме до дното на тоа што се случи“.
За Кина обидите потеклото на ковид-19 да се поврзе со лабораторија се политички мотивирани, и нивната препорака е да има уште една истрага на СЗО меѓутоа во други држави.
За цело време на траење на пандемијата Тедрос имаше пофални зборови за Кина, за нејзината брзина и транспарентност, и покрај тоа што неговите соработници од СЗО интерно се жалеа за бојкотирање од кинеските колеги.