Палењето новогодишни или какви било миризливи свеќи значително го влошува квалитетот на воздухот во просторијата и во одредени случаи е поштетно за белите дробови отколку пасивното вдишување чад од цигари. Истото ова важи и за миризливи стапчиња.
За првпат во историјата на Евролига една навивачка група, овојпат онаа на Панатиниакос позната под името Гејт13 гостуваше во белградска Арена на меч против Партизан. Ова беше дополнителен мотив за и онака загреаните црно-бели да направат земјотрес во салата. Преку 20.000 навивачи на Партизан го видоа најдобриот меч на нивните играчи кои го растурија европскиот првак со 18 поени разлика - 91:73.
Еве бренд на фармерки што веројатно не сте го знаеле. Момотаро се компанија со долгогодишна традиција, што посветува темелно внимание на изработката на секој пар фармерки.
Во шпанска Ла Лига, во големото баскиско дерби Атлетик Билбао пред повеќе од 50.000 гледачи на својот нов „Сан Мамеш“ го совлада големиот ривал Реал Сосиедад. Ама во Шпанија има здраво ривалство па така може да се видат и вакви мили сцени: навивач на Сосиедад во море црвено-бели навивачи на Атлетик.
Луѓе, меѓу кои и такви што во реалноста работеле на нешто што во филм се прикажува нереално, споделуваат што најмногу ги нервира во филмските лажги со опашки.
Република Ирска се држеше добро на „Вембли“ во Лига на Нации до 53' минута кога почна страшна канонада на Англија. Од тој момент кога Хари Кејн од пенал го отвори резултатот па сè до 58-ма минута Ирска прими три гола и губеше 3:0. До крај Англичаните „пукнаа петарда“ и со 5:0 ги испратија гостите. Меѓу стрелците беше и младиот стопер Тејлор Харвуд-Белис (22) од Саутемптон кој постигна дебитантски гол со глава.
Зошто нешто што многумина би го нарекле најкласичната или најконзервативната од сите сексуални позиции е именувано според мисионери? Да ѕирнеме под чаршафите.
Порано, кога некои ќе изгубеа на избори, ќе се ракуваа со победниците или барем ќе им речеа „ќе видите колку имате погрешено“. Во меѓувреме стасаа некои нови модели на луѓе кои за сенешто срцето им е скршено, сенешто некоја вест ги направила парампарче, врескаат и се трескаат (за да го објават тоа на ТикТок). Најобразованите, како и секогаш, се најглупи.
Од жените гласачи во САД некои очекуваа дека по природа на својот пол ќе знаат кого да изберат кога се бира меѓу една Камала Харис и еден Доналд Трамп. Сега многумина од таквите елитисти се разочарани, особено од белите жени. Емоциите ги водат и кон некои јако блесави идеи: оние кои не гласале за Трамп, да носат сини нараквици, за да се препознавале меѓу себе и да се разликувале од „предавничките“.
На денешен ден во 1929 година, во војводинското место Ердевик е родена Мира Бања, легендарна глумица, веројатно најголемата жива ѕвезда од југословенскиот филм. На театарската сцена беше одлична партнерка на чудесниот Зоран Радмиловиќ а на филмското платно беа извонредна двојка со фасцинантиот Данило Бата Стојковиќ. На 95 години Бањац е активна но живее мирно и се грижи за болниот син.
Луѓето имаат извикувано „буу“ или верзија од истото, за да ги уплашат другите, од средината на 16 век. Ама духовите? Изгледа дека тие малку подоцна ја научиле финтата.
Биографски филм за американската фоторепортерка Елизабет „Ли“ Милер, која во текот на Втората светска војна била воен дописник на „Вог“. Зошто до скоро не знаевме за неа? Затоа што самата не го сакала тоа.
„Ако тука можеле да живеат грофови, зошто не и душевно болни?“ - рекол доктор Иван Барбот, невропсихијатар и управник на Душевната болница во Белград по силната борба со администрацијата и голем број неуспешни обиди да го реши сместувањето на своите пациенти. Објектот што го имал предвид бил на 40 километри од Загреб, а во него претходно навистина живеел аристократ.
За време на натпревар од раната фаза на германскиот Куп меѓу Карл Зајс Јена и Рот Вајс Ерфурт гостинските навивачи си дошле со боја, со молерска опрема, со четки и го обоиле гостинскиот сектор во нивните црвено-бели бои.
До пред некој век, духовите се опишувале како најчовек што може - да, со моќ да исчезне кога сака, да прави штета и да поминува низ ѕидови, но сепак - нималку проѕирни, како и сите други живи во просторијата. Така, сè до појавата на фантазмагорија.
Има некое чуство на задоволство во творењето/креирањето на било што. Кога пред твои очи празната хартија се трансформира во нешто за што на крајот ќе речеш: - „Го гледаш ова? Jас го создадов“. Во случај на Реилроуд Инк, тоа значи да создадеш најефективната транспортна мрежа од железници и патишта поврзувајќи ја точка А со точка Б низ навидум празното гратче на почетокот на играта.
Ни најмалку саркастично Европскиот совет за надворешни работи објави извештај во кој предупредува дека опасноста за Европската Унија генерално доаѓа од домородното население на континентот.
Норвешкиот трикратен првак Бодо Глимт кој доаѓа од крајниот север на Норвешка, направи ново чудо во еврокуповите откако го совлада 40-кратниот шампион на Португалија, гигантот Порто со 3-2 иако од 51-ва минута играше со играч помалку.