Инвестицијата наречена Момотаро фармерки

Еве бренд на фармерки што веројатно не сте го знаеле. Момотаро се компанија со долгогодишна традиција, што посветува темелно внимание на изработката на секој пар фармерки.

Тие што најмногу ги претставуваат може не се за сечиј вкус, затоа што ја имаат онаа индиго боја што фармерките ги прави да изгледаат поевтино, но кога ќе ги купите, доаѓаат со упатства за одржување и картичка со која можат да се вратат на поправка во фабрика, ако нешто им се случи.

Има и бели (многу избледени) и секакви. Обични фармерки не би требало да чинат многу, но ако се од овде, знаат да чинат и над 2000 долари. Денес јапонскиот џинс се смета за еден од најпрефинетите во индустријата, ама сепак, што е толку посебно за Момотаро, и зошто е толку скапо?

5 декември 2024 - 11:14