Демократите се шокираа што жените не гласаат со нивните гениталии

Од жените гласачи во САД некои очекуваа дека по природа на својот пол ќе знаат кого да изберат кога се бира меѓу една Камала Харис и еден Доналд Трамп. Сега многумина од таквите елитисти се разочарани, особено од белите жени. Емоциите ги водат и кон некои јако блесави идеи: оние кои не гласале за Трамп, да носат сини нараквици, за да се препознавале меѓу себе и да се разликувале од „предавничките“.   

Брзо се менуваат работите. До изборите, женските гласачи беа славени како очекуван глас на разумот во гласачките кутии. За демократските елити беше незамисливо жените да го поддржат Трамп. Не беа многумина оние кои пердупредуваа тврдеа дека идејата дека жените по дефиниција ќе ја одведат Камала до победа, повеќе е посакувано отколку реално.

Трамп има речиси пет милиони гласови повеќе од Харис и убедливо ги освои и народните гласови и изборниот колеџ. Ваков резултат не би бил можен без гласовите на огромен број жени. Родов јаз постоел, но - со околу 10 проценти - многу помал отколку што очекувал тимот Харис.

Жените дадоа 53 отсто за Харис, 45 отсто за Трамп. Ова значи дека помал дел од жените гласале сега за Камала отколку за Клинтон во 2016 година или за Бајден во 2020 година. И меѓу младите жени порасна поддршката за Трамп а Хиспаносите масовно се свртеа кон него.

Но, има уште една група која решително го поддржа Трамп: белите жени. За Трамп гласале повеќе бели жени отколку за Камала.

Сега тие се на отстрел на разочараните демократи. Истите жени на кои толку упорно им се додворуваа до пред само неколку дена, сега се оние кои изневериле. „Белите жени ја осудија Камала Харис и демократите - повторно“, забележува Нова Република. ЛА Тајмс: „Демократите постојано очекуваат белите жени да ги спасат, и секогаш горат.“

Белите жени кои гласале за Трамп сега масовно се нарекуваат со навредливиот израз „Карен“ и се обвинуваат дека гласале (53%) за силувач.

Сани Хостин, водителка на популарниот панел The View, им објаснуваше на лековерните гледачи колку е вознемирена од моќта на необразованите бели жени да ја обликуваат иднината на Америка. Други мудруваа дека тоа што жени гласале за Трамп е „интернализирана мизогинија.“

Белите жени кои не гласаа за Трамп се чини преживуваат нервен слом заради изневерувањето на нивните сестри. Еден од глупите предлози што вртеше по социјалните мрежи е женските поддржувачи на Камала да носат сина нараквица за да можат да се идентификуваат меѓу себе и да се разликуваат од гласачките на Трамп.

Други жени пак, оние кои сакаат да ги казнат мажите за „погрешно“ гласање, предлагаа „сексуален штрајк“ со закана „нема секс, нема дејтови, нема брак и нема деца со мажи - во следните четири години“ (?!).

„Без разлика колку жени носат сини нараквици или одбиваат да имаат секс, Доналд Трамп сепак ќе биде нивен претседател. Тоа се вика демократија. Таканаречените феминистки можат да плачат колку што сакаат затоа што Камала не испишала историја како прва жена претстедател. Тие не разбираат дека гласачите не сакаат „женски“ претседател, тие сакаат добар претседател. Тие сакаат некој што ќе ги решава нивните грижи, без разлика дали станува збор за економијата, инфлацијата, мажите во женските спортови и соблекувалните, часовите за родовиот идентитет и сексуалноста во училиштата или пак имиграцијата. Жените гласаа за Трамп не затоа што е машко, туку затоа што ги одмеруваа двајцата кандидати и одлучија дека тој е подобриот избор. Оние кои врескаат за „Карен“ и „интернализирана мизогинија“ можеби нема да го сфатат тоа, но жените гласаат со мозокот, а не со гениталиите,“ пишува колумнистката Џоана Вилијамс.

 

10 ноември 2024 - 22:36