- Поранешниот голман на Слобода Ужице, белградски Партизан и други српски и грчки клубови Радиша Илиќ (47) извршил самоубиство откако скокнал од тераса во својот дом. Тој подолго време тешко боледувал, пренесуваат српските медиуми.
- Навивачите на Партизан ќе го паметат како јунак кој ги внесе во Лига на шампиони во август 2010-та година кога директно и индиректно влијаеше на три промашени пенали на белгиски Андерлехт во Брисел во баражот за пласман во Лига на шампиони.
- Со белградските црно-бели Илиќ освои дури пет шампионски титули и два национални Купа а забележа и еден настап за Србија, на пријателска средба со Македонија во 2008-ма.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.