Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Роџерс Мато: Од Струмица до Скопје бев опкружен со љубов

19 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По тешките почетоци во Турција каде како тинејџер размислувал да се откаже од фудбалот, упорноста му овозможила да ѝ купи куќа на својата мајка во Уганда, што го смета за најголема награда во кариерата, раскажува Мато во интервју за rg.org.
  • Со воодушевување зборува за поддршката што ја добивал на стадионот „Горан Пандев“ во Струмица и подоцна во Скопје. Двете години поминати во Брера Струмица и Вардар ги смета за клучни за неговиот развој како играч и личност.
  • „Мојот живот во Македонија беше вистинско филмско доживување, исполнет со многу радост. Од Брера до Вардар, од Струмица до Скопје. Навистина уживав. Брера немаше многу навивачи, но луѓето ме сакаа. Ја чувствував таа поддршка и сакав да им возвратам со напорна работа и добри настапи. Убаво ми беше и во Скопје. Играв повеќе натпревари, постигнував голови и уживав во секој момент. Сè уште имам контакти со тренерите, раководството и менаџерите од Македонија“, вели Мато.
  • Во македонската Прва лига одигра вкупно 59 натпревари на кои постигна 22 гола и запиша 10 асистенции, што директно му го отвори патот кон трансфер во шкотскиот Хартс, со кој летово потпиша тригодишен договор до 2029 година.
извор

Србин ја презема Америка откако Почетино замина во Јунајтед

19 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • 48-годишниот Белграѓанец Марко Митровиќ наскоро би можел да седне на клупата на фудбалската репрезентација на САД, пишуваат медиумите во регионов. Србинот во кариерата играл за клубови од неговата земја како Земун, Раднички Крагујевац, Смедерево, Банат Зрењанин и Будуќност од Банатски Двор.
  • Како тренер почнал во 2011-та како помошник во Банат, ги водел и младинцие на Србија до У-20 и Црвена Звезда У-15.
  • Во 2016-та година заедно со Вељко Пауновиќ оди во Чикаго Фајр каде му беше помошник на актуелниот селектор на Србија. Со него беше и во Рединг а потоа во САД ги поминал сите репрезентативни категории како селектор на: У-19, У-20, У-23. Од 2025-та е тренер на клубот Њу Ингланд Револушн а сега е главен кандидат за селектор на САД.
  • Митровиќ треба да го замени Маурисио Почетино кој седна на клупата на Манчестер Јунајтед.
извор

Турчин селектор на Македонија?

19 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Искусниот турски стратег, Хамза Хамзаоглу, започнал официјални преговори за преземање на селекторската функција во македонската фудбалска репрезентација, пишуваат информациите од Турција (види ТУКА).
  • Веста ја објави турскиот новинар Решат Џан Озбудак, кој пренесува дека Хамзаоглу веќе остварил директни разговори со раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) околу можноста да го преземе кормилото на националниот тим.
  • Хамзаоглу е добро познато и ценето име во турскиот фудбал, со богато искуство од водењето на бројни клубови во тамошната Суперлига. Тој би требало да го наследи Гоце Седлоски, после неуспешните настапи во Лигата на Нации, каде Македонија заврши со шест порази и со само еден постигнат гол. Тој покрај Галатасарај, работеше и во Малатијаспор, Денизлиспор, Акхиспор, Бурсаспор, Анталијаспор, а последен клуб му бил Еш Шебаб од Саудиска Арабија, но таму работел како помошник.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Балканштина
2

Зрело е Белгијците да побараат Рамковен

3

Како се победува „Безбеден град“

Македонштина
4

Каја Калас и седумте џуџиња

Мислења
5

Скандинавско лудило во Копенхаген: Норвешка од 2:0 ја сруши Данска и обезбеди четвртфинале

Фудбал
6

Водич за пиење од Леми Килмистер

Мешано
7

Германија нема поим како ќе депортира мигранти во Руанда

Свет
8

Европската Унија во камено доба

Видео
1

Скандинавско лудило во Копенхаген: Норвешка од 2:0 ја сруши Данска и обезбеди четвртфинале

Фудбал
2

Љубезно и искусно одиграно Роберт

Навивачи
3

Кршење кичми ко Роналдињо во најјакото

Навивачи
4

Репрезентативни и големи клупски другари, сега спротивставени пратеници во Собрание

Кошарка
5

Голема победа на Пелистер, во Битола после 29 години падна бундеслигаш!

Ракомет
6

Судијата тргна накај Дончиќ, а овој не можеше да се изначуди

Кошарка
7

Лејкерс има нов јунак, заборавија на Леброн - Квентин Грајмс уфрли 10 тројки и 47 поени

Кошарка
8

Нереален потег на Вембанјама со асистенција од табла за самиот себе

Кошарка
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Шуќур

Македонштина

Карерас, врати се!

Македонштина

Како се победува „Безбеден град“

Медиуми

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Добро е. Ама не е добро

Запад веќе не може да го излаже светот

Тие ќе се бореле со лажни вести. Тие!

Основачот на Гринпис тврди дека климатските промени се епохална дубара

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy