Интернетот не може да се одлучи што да мисли за новата насловна на Вог

Во средата, американскиот Вог пушти дигитална насловна на тема: „Модата - реална: Креативноста е за сите“. Зад овие зборови, седум манекенки (со разни бои и потекла), се облечени во лесни, бели маици и кошули, во фармерки, потпрени на сив ѕид.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Без разлика на „лајт“ гардеробата, сепак се комплетно нашминкани и средени, но секако целата насловна се смета за скршнување од класичните, гламурозни насловни на Вог, полни светки, машни, пердуви и јаки бои.

И како што бива со секое можно парче информација, слика, или изјава на интернет, секојдневните душебрижници заземаат став на културолошки критичари и се збираат да ги споделат нивните многу мешани рецензии за насловната.

Главно се негативни. Еден моден автор од Париз, Луи Писано, на Х кажа:

„Ако некогаш имало корица што ќе нè одведе во ерата на Трамп...“

Друг ја нарече „најлошата насловна на Вог“, а често имаше и негодувања околу слоганот „Креативноста е за сите“, затоа што не беа задоволни како се „сите“ преставени од страна на седумте манекенки.

Иако нејасно прикажана, идејата зад фотогафијата е како подостапните брендови како Гап или Уникло се сега во главна улога на сцена, иако од истиот ранг брендови како Тотем и Френки Шоп имаат парчиња од по неколку илјади долари. Манекенките на сликата носат и нешто од 7 долари и од 1000. Вог тоа го вика демократизација на модата.

Некои пак, беа задоволни што Вог ставил манекенки за промена - како на времето, пред да завладеат селебрити-фаци од секаков калибар. Модниот уредник Маниш Мишра ги пофали дека постигнале „чиста, минимална привлечност“ и дека искористиле „некои од манекенките што ги имаме“. Уметникот Маркус Морис ги пофали што земале манекенки, но сепак се пожали за сценографијата и конечниот резултат.

„Како што светот брзо се менува, а цените на прозиводите сè повеќе растат и потрошувачите бараат автентичност, модниот свет како да се мачи да се снајде,“ велат од The Cut. „Дури и во вакви моменти, кога елитите што го управуваат накитениот брод се обидуваат да им излезат на луѓето во пресрет како што не било случај порано, нивните читатели први ќе им кажат кога авантурите им изгледаат наместено.

13 декември 2024 - 14:50