- Словенија започнува со производство на терапија за агресивни тумори.
- Со помош на донации од граѓани, словенечки стручњаци пред некоолку години собраа доволно средства за сопствен проект за производство на CAR-T клетки.
- Терапијата со нив неколку години успешно се применува во многу земји, но Словенија направи важен чекор покренувајќи сопствено производство на клетки за лечење агресивни Б лимфоми и леукемија.
- CAR-T терапијата (химерична антигенска терапија со Т-клеточни рецептори) е иновативна имунотерапија која користи генетски модифицирани Т-лимфоцити (вид на бели крвни зрнца) од пациентите за борба против одредени видови на рак. Развиена е со цел да ја зајакне природната способност на имунолошкиот систем да ги препознава и уништува клетките на ракот, особено хематолошките малигни тумори.
- Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за прекршување на еднодневното Велигденско примирје, кое го објави рускиот претседател Путин, а го поддржа Зеленски.
- Путин вчера објави дека руските сили ќе ги прекинат сите воени активности на фронтот до вечер на полноќ.
- Зеленски изјави дека Русите го прекршиле примирјето со 26 напади до денеска на пладне.
- Руското Министерство за одбрана возврати дека украинските сили отвориле оган врз руски позиции 444 пати и извршиле повеќе од 900 акции со дронови.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио во петокот се закани дека САД ќе се повлечат од посредувањето за крај на војната ако за неколку дена не видат јасни мировни напори од двете земји.
- Астронаутот Дон Петит на својот 70-ти роденден безбедно се врати на Земјата, по 220-дневна мисија на Меѓународната вселенска станица.
- Со руското летало „сојуз м-26“ во Казахстан се вратија и космонаутите Алексеј Овчинин и Иван Вагнер.
- Петит е еден од највозрасните астронаути што престојувал во вселената. Најстариот сè уште е Џон Глен, кој беше во мисија на НАСА на возраст од 77 години.
- Петит во својата мисија 3.520 пати ја обиколил Земјата. Тој на орбиталната станица спроведувал истражувања за тридимензионално печатење, напредни санитарни технологии, развој на растенија со различен пристап до вода и за однесувањето на оган во микрогравитација.