Лудата атмосфера од мечот Партизан - Панатинаикос во Арена

За првпат во историјата на Евролига една навивачка група, овојпат онаа на Панатиниакос позната под името Гејт13 гостуваше во белградска Арена на меч против Партизан. Ова беше дополнителен мотив за и онака загреаните црно-бели да направат земјотрес во салата. Преку 20.000 навивачи на Партизан го видоа најдобриот меч на нивните играчи кои го растурија европскиот првак со 18 поени разлика - 91:73.

 

Welcome to Belgrade!🖤🤍#KKPartizan #EuroLeague pic.twitter.com/27tc5bZnTL

 

Најефикасни во победничкиот тим беа Карлик Џонс со 18 поени, три скока и четири асистенции, Стерлинг Браун со 17 поени, Исак Бонга со 13 поени и Тајрик Џонс со дабл-дабл уинок од 12 поени и 10 скока.

Кај Панатинаикос Слукас беше прв стрелец со 15 поени, Хуанчо Ернангомез даде 13 поени колку што имаше и миленикот на домашната публика Матијас Лесор чиј син беше главна атракција во салата. Наививаа со мајка му за Партизан додека Лесор играше за Панатинаикос на паркетот.

6 декември 2024 - 09:36