Францускиот производител чие вино е забрането во неговата земја

Винарот Максим Шапутие би можел да биде уапсен ако се обиде да продаде две од неговите најнови вина во татковината - Франција.

„Понекогаш треба да бидеш провокативен за да поттикнеш промена“, вели Максим Шапутие, производител на вино од Франција. Што е тоа што е толку скандалозно во неговата работа? Па две сорти кој тој ги произведува, едно бело, друго црвено, се нелегални во Франција, бидејќи се направени од мешавина на француски и австралиски основни вина. 

Согласно француското и законодавството на ЕУ забрането е да се произведе вино кое комбинира ЕУ и не-ЕУ овошки. Ова, особено во Франција, се сфаќа многу сериозно. 

Француската винска индустрија има еден славен термин („тероар“) кој се однесува на сите фактори на животната околина кои влијаат врз лозите, како почвата, климата и надморската висина. Како резултат на тоа, вина од одредени локации се многу повредни од други. 

Кога на ова ќе се додаде и строгиот класификациски систем на винските региони во Франција, помислата на мешање француски и австралиски вина за да се создаде глобален хибрид ужасува голем број француски љубители на вино. 

Сепак, Максим се осудил на ова поради еден збор - Брексит. Иако не може да ги пласира двете вина во ЕУ, тој може да го прави тоа во Британија, сега кога таму не важат законите на Брисел. Негов партнер е британскиот трговец „Вајн сосајети“, а фирмата ги продава вината како Хемисфер црвено и Хемисфер бело. Австралиските црвени и бели вински компоненти се пренесуваат во Британија каде се мешаат со вино од француските региони на северна Рајна и Русијон. 

Семејството Шапутие произведува вино повеќе од 200 години. Но и тие како и голем број нивни колеги почнуваат да се адаптираат на потрошувачката и да ги прават вината попристапни. Истовремено, поеколошки е да се пренесуваат вината од Австралија до Европа „на ангро“, за да се избегне тежината на шишињата и ризиците поврзани со нивниот транспорт. 

извор

14 февруари 2025 - 08:13