Цената на недвижностите
-Луѓе со никаква работа секогаш живеат во пристојни станови во големи градови, наместо да спијат на клупа.
Појадокот
-Мајките прават појадок со неколку оброци, а децата/сопругот ќе гризнат еднаш од едно нешто и готово, си одат.
Тинејџери
-Сите се мазни и згодни, како да прескокнале пубертет (и тоа е затоа што актерите што ги играат се секогаш над 20-годишни и стварно го имаат поминато пубертетот).
Коментар дека некој изгледа ужасно, а не е така
-На пример, You look like shit, кога глумецот изгледа исто како што изгледа и на црвен тепих, само има малку крв на уста.
Судница
-Појавување на surprise сведок, а не е можно без да се најави.
Паркинг
-Никогаш, ама никогаш нема да најдеш место пред влезот на зградата каде што си тргнал да одиш.
Породување
-Ќе родат и редовно им даваат шестмесечно бебе, без папочна врвца. Водењакот пука било каде и тоа значи дека готово, ќе раѓа. И акушерки се вклучуваат во дискусијата да објаснат дека ако пукне водењакот пред да почнат контракции, тоа само значи подолго породување.
Сите имаат слободни вечери и викенди
-И продавачи по маркети и готвачи...
Хакирање
-Понекогаш за да се хакне некој систем се потребни денови, недели и месеци истражување и автоматизирани процеси. ТВ-епизодите обично траат по 30-60 минути и ова мора да се забрза.
Кафиња
-Кога се познава дека нема ништо во чашата.
Лаборатории
-Секогаш се бели и минималистички, за да изгледаат по „научно“ и стерилно. А реалноста е дека секогаш има еден куп опрема, материјали, полици и хаос.