ВЕЛ - Полип

Полип

Да погледнам празен дом на полип оживен,
од недоглед, кај робот што сони мостови,
срми, од ладните тела на лев владетел.
Да отковам реа од застоен престол на
кумство и себезаљубен ум.

На работ кај румени пламени бојат на
образи бели, да протресам замаен пепел од
темели гнили под велот на задниот праг, што
вене ко спомен, ко времено име над името –
срам. На несносна сага ќе осветам кораб,
ќе проникнам град.
А внатре ме кине ко парче што леби, што
украдов в жал.

Вослобод!
Од валкан корен гребеме, во злоплод.

п.с. Најавуваат албум на почетокот на 2025

10 ноември 2024 - 14:24