Истражување од Универзитетот Колорадо покажало дека човек во својот живот се ракува по 20.000 пати во просек. Доктори тврдат дека на рацете во просек има по 4.000 бактерии од кои некои многу непријатни. Од кога постои овој ритуал во фудбалот?
На 11-ти јуни во Севиља ќе се случи рестартот на најдобриот шпански клупски фудбал. Фудбалските власти во оваа земја решија да има предозирање со оваа убава игра.
На денешен ден пред точно 26 години италијанскиот гигант ја имаше можеби најубавата вечер во својата вековна историја. Со скрпен тим, без неколку главни играчи мораше да се борат против страшната Барселона на Кројф, Ромарио, Стоичков, Гвардиола...
По 6 седмици затворени во изолација, граѓаните на Барселона викендов за прв пат можеа да излезат од дома, и по првите моменти на воодушевување на сè што им фалело овие месец и пол, тие сфаќаат дека нешто не е како што треба за по некое време да им текне „само ние сме во градов, нема туристи“. А во 2019 на пример, низ Барселона минаа 30 милиони туристи.
Многу, многу легендарно последно коло во Серија А, ден кој тифозите на Интер сакаат да го избришат од сеќавање, а навивачите на Јувентус го одбележуваат како ден на победата.
На денешен ден во 2019-та година, Барса имаше во џеб 2-0 против Ливерпул во првиот меч од полуфиналето на Лига на шампиони. Пред преполн „Камп Ноу“ Меси ги постави конечните 3-0 со својот 600-ти гол во клупската кариера за Барселона.
Пред 6 години, на 17-ти април во големото финале на шпанскиот кралски Куп се сретнаа Барселона и Реал. Финалето се играше на преполна Местаља (52,953 гледачи), а Реал славеше 2-1.
Додека воглавно читавме за тоа како најбогатите клубови и фудбалери се справуваат со кризата предизвикана од Ковид-19 (нема фудбал, нема тв права, нема реклами, нема продадени влезници и дресови), стигна сторијата за еден играч од Њукасл.
Ексцентричниот Масимо Челино, сопственик на Бреша кој до пред неколку години беше газда на англискиот Лидс Јунајтед, отворено ја нападна европската фудбалска унија.
Холандскиот напаѓач откако беше најдобар играч во Премиер лигата во дресот на Арсенал, но не освои вреден трофеј, реши да премине во лутиот ривал Манчестер Јунајтед за да се израдува на титулата. Таму го пречека најголемиот.
Откако веќе една недела траеа шпекулациите околу тоа зошто фудбалерите на Барселона наводно го одбиле првиот предлог на управата за намалување на платите за 70%, збор зема капитенот на екипата и најдобриот фудбалер на светот.
Според првичните најави на Пандев може да земе 35.000 евра помалку, што е ништо во споредба со Лукаку, 1,8 милиони или па уште повеќе со Роналдо, 9 милиони. Зависи кој колку е платен.
Новиот Ковид-19 и натаму зема замав. Во последните неколку денови не само што се открија туку и се прошири списокот на познати спортисти на кои им е дијагностициран коронавирус.
Репрезентативецот на Словенија стана првиот играч во историјата кој постигнал 4 гола на гости во Лига на шампиони. По 4 даваа Меси (два пати), Марио Гомез и Роберт Левандовски, ама сите дома.
Најдобриот светски тренер на денешницата кукаше за зимска пауза во Премиер лигата, направи револуција, ама кога се вратија од одмор не може човек да ги препознае - 3 порази без даден гол. Што е работава?
Белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс постигна голчиште против Барселона со кое го стигна Хамшик на листата најдобри стрелци во историјата на Наполи. Возврати Гризман кој и донесе на Барса поволен резултат пред реваншот. Челси е со една нога во аут.
Ај што во моментов важи за најдобриот тренер на светот кој создаде пеколна екипа која гази сè, туку од денешна перспектива се гледа дека Јирген Клоп е и визионер кој знаел да предвиди како ќе одат работите.
Имало многу такви најави за наследници на Марадона, Меси и Роналдо, ама досега ниеден не ги оствари тие предвидувања. Овојпат, Барселона од португалска Брага го купила Франсиско Тринкао, 20-годишен крилен напаѓач за кого издвоиле 31 милион евра и кој на „Камп Ноу“ ќе дојде на 1. јули.
Управата на Барселона, конкретно спортскиот сектор веќе некое време работи непрофесионално а тоа се одразува и на резултатите. Последна заврзлама е во случајот со шпицот Седрик Бакамбу.
Во современиот фудбал клубовите просто се натпреваруваат кој ќе промовира подреч варијанта на втора или трета гарнитура дресови. Има розеви, блескаво виолетови, жолти, црвени. Но малку е познато дека во Англија долго време биле забранети црни дресови.
Во минатото коло од Премиер лигата, Астон Вила го пречека Вотфорд. Гостите поведоа 0-1 со голот на Трој Дини, нивниот најдобар стрелец во клупската историја. Ама проблемот е што Дини, роден во Бирмингем, навивач на овој клуб кој е смртен непријател на Астон Вила. Па може да замислите што се му изнавикаа кога иритантно застана пред навивачите после голот.
На последните пет меча Каталонците имаат само една победа: нерешено со Сосиедад, неубедливо Ел Класико (0:0), нерешено на дербито со Еспањол (2:2), и последна капка која ја преполни чашата е испаѓањето од Супер купот на Шпанија од Атлетико Мадрид.