Седрик Бакамбу е Конгоанец, роден во Франција. Има 28 години. Професионалното деби го имал во 2010 година кога заиграл за првиот тим на француски Сошо.
После четири години во Сошо се сели во турски Бурсаспор а од таму во Виљареал. Токму во дресот на „жолтата подморница“ дава 32 гола во пар сезони и станува еден од подобрите напаѓачи во Ла Лига.
За него во 2018 стигнаа неколку понуди а најбогата била онаа на кинескиот клуб Пекинг Гуоан. Бакамбу ја продолжува голгетерската серија и во Кина (23 гола на 27 меча).
Зимава отишол со кинескиот клуб на подготовки во Јужна Кореа, а во ситуација кога многу странски играчи по секоја цена сакаат да заминат што поскоро од Кина поради опасниот коронавирус, и Бакамбу бара чаре.
Како „кец на десет“ му се јавува Ерик Абидал, човекот задолжен за трансфери во Барселона. Му кажува за понудата и условите и дека сакаат да потпишат договор со него, затоа што бараат замена за повредениот Луис Суарез кој најверојатно ја заврши сезоната.
Бакамбу пресреќен до небо, се пакува и решава преку аеродромот во Хонг Конг да фати лет за Шпанија. Некаде на пола пат му се јавуваат од Барселона и му викаат ништо, не доаѓај, пропаѓа договорот. А сонувал да заигра со Гризман и Меси во нападот.
Седрик ја прифаќа горчината и дури се мајтапи на своја сметка. На Твитер го тагира реномираниот сајт за трансфери и вредност на играчи Transfermarkt.de и им вика да напишат во неговото портфолио „за малку играч на Барса“. Твитот има преку 12.000 фејвови и преку 3.500 ретвитови. Германскиот сајт прифаќа и го заведува тоа на неговиот профил.
Yo @Transfermarkt change my transfer history with "Almost @FCBarcelona" please 😅😂
— Cédric Bakambu (@Bakambu17) January 30, 2020
No matter what happens we trust the process.
Thank God for everything 🙏🏾
See you an other time @AntoGriezmann 😜 https://t.co/eeOzZMU7V2
@Bakambu17 Done 😉 pic.twitter.com/npXI0A3HXj
— Transfermarkt (@Transfermarkt) January 30, 2020