Многу лиги го забранија ракувањето меѓу спортистите уште во март, пред да почне фудбалскиот карантин. А во мај се појави и забрана од ФИФА (не само за ракување пред натпреварот туку општо).
Ракувањето во фудбалот има необична улога - ние постојано набљудуваме како пред почетокот на секој натпревар играчите од двата тима си подаваат рака, но ретко кој знае кога е ова смислено?
ИСТОРИЈАТА НА РАКУВАЊЕТО - СЕ ПОЈАВУВА ВО IX ВЕК ПРЕД Н.Е, ВО СССР БИЛО ЗАБРАНЕТО, А СЕГА ИЗУЧУВААТ ПРАВИЛНИ ТЕХНИКИ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ
Иако никогаш со сигурност не е утврдено кога првпат се појавило ракувањето, се верува дека првото ракување го извеле кралот на Асиријците Салманансар III и вавилонскиот крал Мардука-закир шуми I. Според легендата, овој првиот на тој начин му заблагодарил за помошта.
Ова подоцна станала традиција во разни култури.
Во Римската империја, со помош на ракување се искажувала добра намера. Ракувањето подоцна се пренело и на повеќето земји во Евроазија.
Но подоцна односот кон ракувањето се менувал во разни земји и разни етапи. После страшната „шпанска“ епидемија во СССР строго било забрането ракувањето (познато ви е ова периодов) и дури снимале рекламна кампања против ракување.
Во '20-те години се појавиле и плакати со натпис „Долу ракување!“. Забраните во СССР траеле до почетокот на '30-те години од минатиот век.
Едно од најпознатите ракувања во историјата, можеби најважен артефакт на политички мир е ракувањето меѓу Сталин, Черчил и Труман во 1945-та и пактот за некористење нуклерано оружје во 1961-ва.
Курс за правилно ракување се појавил прво на Оксфорд а потоа и на други факултети на американските универзитети.
„Правилното ракување е многу поважно отколку што изгледа. Треба да биде цврсто но не премногу силно. Раката треба да се држи сигурно. Правилното ракување носи уважување, почит, а погрешното покажува ваша слабост“, вели Ричард Бејкон, тренер по бизнис-етика за The Times.
НА КРАЈОТ ОД 2000-ТЕ ГОДИНИ ВО ФУДБАЛОТ ГО ДОНЕСОА ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО РАКУВАЊЕ ПОСЛЕ МЕЧОТ (ГО НАРЕКЛЕ ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ)
Голем дел од фудбалската историја поминал без официјално ракување.
Во некои лиги, како на пример во Англија, Германија и Русија, ракувањето се појавило уште во '90-те години но задолижтелно стана дури во 2004-та година по иницијатива на Сеп Блатер.
Тогашниот претседател на ФИФА сакал да го оплемени фудбалот и играчите да ги направи пример за однесување. Никакви навреди и расизам, туку максимално меѓусебно уважување.
„Ракувањето пред мечот е спремност да се даде согласност, неформален договор за учество во натпреварот. Секој играч се согласува да игра по правилата и во знак на тоа пружа рака. Тоа им дава можност на судиите да покажуваат жолти и црвени картони на играчите доколку ги нарушат правилата на кои јавно се согласиле преку ракување“, вели Мајк Скот во интервју за The Guardian.
Но има и такви кои сметаат дека овој гест во фудбалот е бесмислен.
„Ракувањето обично се прави во знак на благодарност, согласност и барање. Бесмислено е да се ракуваш пред натпреварот кога играчите се сметаат едни за други за непријатели и душмани. Дајте рака па скршете му нога. Повеќето навивачи дури не ни го гледаат ракувањето пред мечот. Тоа е рутина што нервира. Само евентуална саботажа од некој играч делува интересно. Зар ФИФА тоа го сакаше?“, вели Алан Ширер во една прилика.
Поради ова ФИФА решила да ги послуша примедбите и лесно го сменила форматот. Полигон за проба стана Италија. Во декември 2007-ма година во Серија А сите играчи беа принудени да се ракуваат со противниците после мечот. Оваа процедура ја нарекоа „трето полувреме“.
„Ова е многу добра иницијатива. Вака добиваме уважување на теренот а тоа значи и на трибините“, рекол тогаш Анчелоти.
Но не сите се држеле до новата процедура па така еднаш судијата Роберто Розети морал да ги враќа сите играчи на Фиорентина од тунелот под трибините зошто тие заборавиле да дадат рака на противникот.
Оваа процедура беше тестирана до крајот од сезоната 2007/2008.
Нови дискусии околу ракувањето се појавија во септември 2012 кога пред мечот Квинс Парк Ренџерс - Челси, Антон Фердинанд (брат му на Рио) не им пружи рака на Џон Тери и Ешли Кол.
РАКУВАЊЕТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО ШОУ И ПОРАКИ
И покрај критиките, ракувањето во фудбалот трае до ден денес и треба да трае, иако тој ритуал гледачите пред телевизија најчесто не го гледаат поради блок реклами.
Постојат неколку примери за демонстративно одбивање на пружање рака.
Пример цела европска јавност во февруари 2010-та година чекаше да види дали Вејн Бриџ ќе му ја прифати раката на Џон Тери -пред мечот Сити - Челси.
А во февруари 2012 изби голем скандал околу расистичкиот испад на Луис Суарез кој тогаш како играч на Ливерпул на расна основа го навредил Патрис Евра од Манчестер Јунајтед. Па при првата нивна следна средба, Французинот не сакаше да го види Уругваецот а не па да му даде рака.Постои и „фирмирано“ ракување, како она на Сон Мин од Тотенхем. Јужнокореецот има посебна техника на ракување со секој свој соиграч. После судиската свирка за крај, Сон оди кај секој играч на Спарси и секој знае како треба да се поздрави со Кореецот.