Лионел Меси се огласи и кажа дека играчите на Барселона се „изненадени“ што луѓето внатре во клубот сакаат да им извршат притисок за кратење на плати и потврди дека екипата е среќна што за 70% ќе им бидат намалени примањата во текот на пандемијата со коронавирус.
Аргентинецот вели дека играчите дополнително ќе придонесат за никој од вработените вон спортскиот сектор во клубот да не биде погоден од кризата за време на вонредната состојба која Шпанија ја воведе од 12 март.
Во име на своите колеги, Меси на социјалните мрежи објави дека сите играчи прифатиле привремено кратење на платите поради кризата со коронавирусот која го погоди и каталонскиот гигант.
„Сакаме да разјасниме дека цело време бевме за тоа примањата да се скратат, зошто имаме разбираме за оваа исклучителна ситуација и ние сме први кои СЕКОГАШ го помагале клубот со тоа што ќе го побараат од нас.
Многу пати правевме нешта по сопствено убедување, во моментите кога почуствувавме дека е потребно или важно да се направат.
Од таа причина, нас нè изненадува дека внатре во клубот има луѓе кои сакаат да нè стават во преголема чаша или да се обидат да извршат притисок врз нас за нешто што секогаш јасно сме го правеле.
Факт е, ако договор изостанал, тоа било зошто сме барале најдобра формула да го помогнеме клубот и неговите вработени во овие тешки времиња.
Дојде време да се огласиме, дека покрај кратењето на 70% од примањата за време на Вонредната состојба, ќе дадеме и дополнителен придонес сите вработени во клубот да можат да останат на 100% од примањата колку што ќе трае ситуацијава“, напиша Меси на своите профили на социјалните мрежи.
Редуцирањето плати ќе ги опфати не само првотимците туку и сите други категории и професионални клубови од спортското друштво Барселона - кошаркарскиот, ракометниот и други.
Преговорите меѓу управата на Барселона и играчите започнаа минатата недела. Извори на ESPN рекле дека првиот предлог на управата бил одбиен од играчите кои оставиле простор договор сепак да има.
Барселона објави дека клубот ќе ги искористи сите регулативи од Законот за работа во Шпанија познат како ЕРТЕ, за да ги намали платите на сите во клубот без исклучок.
Барселона е во сопственост на членовите (socios) и нема инвестиции од надвор, па така во клубот се плашеле дека кризата може да има реперкусии на нивните финансии.
Каталонскиот клуб веќе губи голем дел од заработките поради тоа што нема натпревари, а затворен и е клупскиот музеј на стадионот кој носел огромен приход од илјадници посетители неделно.
Меѓу првите клубови кои веќе објавија дека ги намалуваат платите на играчите и вработените за време на пандемијата, беше Борусија Дортмунд. По овој пат тргна и Јувентус кој минатиот викенд објави дека се откажуваат од платите во следните четири месеци.
Во Шпанија на таков чекор се решија Атлетико Мадрид, Еспањол и Алавес кои согласно прописите во Законот за работници на Шпанија ќе ги редуцираат платите поради ситуацијата.
Состојбата на Пиринејскиот полуостов со коронавирусот е една од најтешките во светот. Последните информации говорат за 85.195 заболени од вирусот и преку 7.300 смртни исходи.