До почетокот на сезоната 1992/1993, црната боја на дресови била забранета од раководството на англиската фудбалска Лига, поради тоа што оваа боја веќе ја носеле други на теренот. Кои други?
Па судиите:
Со почеток од далечната 1888-ма година (кога е основана фудбалска лига во Англија), на клубовите им било забрането да носат црни дресови зошто така би се мешале со судиите. Ова правило важело се до 1992 година кога се појави официјално новата Премиер лига.
Според правилата на новата лига, клубовите смееле да носат каква сакаат боја, па и црна, а судиите добиле можност да бираат боја на дрес која нема да се меша со онаа на играчите на теренот.
Од тогаш најчесто судиите носат жолти дресови.
Интересно, прв клуб кој облекол целосно црна гарнитура на опрема бил Манчестер Јунајтед. Овој дрес стана светски познат од причина што токму во него легендарниот Ерик Кантона го изведе најпознатиот кунг-фу удар во светот на фудбалот (на 25 јануари 1995 година на меч против Кристал Палас кога удри еден навивач од трибините).
Од сезната 1992/1993 почнала историјата на црни дресови во премиер лигата, но забраната се уште ваќела за пониските лиги која, верувале или не, уште немаат права да носат дресови во исклучиво црна боја.