Веќе дури ни најголемите скептици не се сомневаат во шампионската титула на Ливерпул кој на Манчестер Сити му бега неверојатни 22 бода после 25 одиграни кола.
Во актуелната сезона „црвените“ од „Енфилд Роуд“ имаат 24 победи и 1 нерешена средба во Премиер лигата. Немаат пораз на 42 меча по ред.
Ваквиот луд епилог како да го најавил Јирген Клоп во октомври 2015-та година кога клубот официјално објави дека го назначува Германецот за нов тренер.
Jurgen Klopp first ever press conference. He said by 4 years we will have our first title.
— Dijkinho (@Dijkinho) December 30, 2018
That day I looked in the whites of his eyes, & I believed him. I’ve seen what he has done over the years & as much as I want for me this title, I want it for him. pic.twitter.com/JkHVMgRC9g
„Дајте ни време. Кога ќе седам тука за четири години, ќе имаме најмалку еден трофеј. Ако не освоиме ништо, одам да тренирам во Швајцарија“, ги насмеа симпатичниот Клоп новинарите кои не верувале дека Ливерпул може да излезе од летаргијата.
Во текот на тие четири години, Јирген Клоп го врати Ливерпул на славната патека: финале на Лига на шампиони во 2017/2018, шампион во Лига на шампиони 2018/2019, и најверојатно титула во Премиер лига која што се чека 30 години и за која сонуваат многу генерации.
Најголемо признание за работата Јирген Клоп неодамна доби од Пеп Гвардиола, човекот со кого создадоа неверојатно убаво ривалство во борбата за трофеите:
„Имаме само 1 бод помалку освоено од Барселона која е лидер во Ла Лига. Проблемот е во тоа што имаме ривал кој од 17 меча победи на 16 и 1 одигра нерешено. Им симнувам капа и им честитам. Ние губевме натпревари, губевме бодови, но никгоаш не отстапивме од нашата игра“.
После дербито со Тотенхем, новинарите пак го прашаа Гвардиола за Ливерпул, а тој рече:
„Да, многу заостануваме зад Ливерпул. Имаат многу бодови а ние губиме во вакви натпревари како денес. Сега сме должни да се посветиме на победи во другите турнири и целта е да се влезе во Лига на шампиони следната сезона“.
Посебен респект Јирген Клоп заслужува за тоа што во доволно кратко време реши четири главни проблеми на Ливерпул: структурата на трансфери, го обнови составот (кога Германецот дојде на Енфилд, во составот играа Клајн, Морено, Балотели, Леива, Шкртел, Мињоле и многу други рудименти), ја среди одбраната (во сезоната 2014/2015 Ливерпул прими 48 гола, лани со Клоп само 22, а во моментов после 25 кола примија само 15), и нападот (клубот во минатото редовно губеше бодови во дуелите со екипи од втората половина на табелата поради слаба ефикасност).