Минатиот викенд Вотфорд со 3:0 го прегази Ливерпул, можеше да им даде уште пар голови на „црвените“ и им го нанесе првиот пораз во сезоната од Премиер лига. Рекордот на Ливерпул беше срушен, а со него отиде и скриената желба да се достигне рекордот на Арсенал кој во 2004-та прослави титула без ниту еден пораз.
Сите очекуваа тимот на Клоп супермотивиран да се врати на сцена во ФА Купот против Челси кој некако „штуца“ цела сезона (башка пола екипа им е повредена), но навивачите на Ливерпул претрпеа уште еден студен туш. Челси ги олади со 2:0.
Ако претходно се додаде и поразот 1:0 од Атлетико Мадрид во Лига на шампиони, тоа значи дека Ливерпул на 3 меча има гол разлика 0:5. Чуди зошто Клоп се реши да го тумба составот особено што во Премиер лига имаат огромна бодовна предност а ФА Купот има голема вредност.
Бранеше Адријан кој направи катастрофален пропуст за првиот гол. Во одбрана десно беа младинците Кертис Џонс и Неко Вилијамс, а наместо Ловрен кого навивачите го кривеа за поразот од Вотфорд, Клоп во прв тим го врати Џо Гомез. Ни Фирмино ни Салах ни Милнер во првите 11.
Но проблемите не завршија тука зошто токму Гомез му даде лош пас на Фабињо кој уште посмотано реагираше па Вилијан го отвори резултатот:
TOO HOT TO HANDLE 🔥#UndertheLights #CHELIV pic.twitter.com/h1E1n47oOM
— The Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) March 3, 2020
Вториот гол исто беше по слаба реакција на одбраната. Ван Дајк без никаква потреба тргна по Жиру дури на противничка половина, изгуби воздушен дуел а топката стигна до Рос Баркли кој слободно тргна до противничкиот гол и со јак шут ги постави конечните 2-0:
Incredible, @RBarkley8 👏#EmiratesFACup #CHELIV pic.twitter.com/KLlbKsaOFz
— The Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) March 3, 2020
Напред исто беа бледи, а најопасниот напад го имаа кога дури три пати шутираа во иста акција но повратникот Кепа бранеше феноменално.
„Го заслуживме поразот. Челси даде два гола, а ние во тие моменти си допуштивме две сериозни грешки. Ова беа најлоши наши три недели сезонава, но во следните три сакаме да бидеме најдобри сезонава. Планот е таков“, изјавил Клоп после мечот.
ТРИ БЛЕДИ НЕДЕЛИ
- Ливерпул претрпе 3 порази на последните 4 меча. Толку пати изгубил во претходните 66 натпревари во сите натпреварувања.
- Во сите 3 порази не дадоа ни еден гол. Првпат од октомври 2018-та година не даваат гол на два меча по ред - тогаш играа со Наполи и Сити.
- Одбраната е во пад на форма: 7 примени гола на последните 3 меча. За да примат 7 гола во сите натпреварувања, на избраниците на Јирген Клоп претходно им требаа 19 меча.
- На 3 средби по ред Ливерпул прима 2+ гола (Вест Хем, Вотфорд, Челси). Така не било уште од 2016-та година.
- Последен пат Ливерпул изгубил три гостински меча по ред дури во ноември 2014-та година кога тимот на Брендан Роџерс со спуштена глава го напушташе теренот по дуелите со Њукасл, Реал Мадрид и Кристал Палас.
СИГУРНА ПРИЧИНА Е ЗИМСКАТА ПАУЗА
Согласно статистиката, ваквиот пад на Ливерпул се должи на слабата форма на лидерите Фирмино, Мане, Салах и Ван Дајк.
Бразилецот Фабињо исто играше слабо на сите натпревари по првата зимска пауза во историјата на Премиер лигата.
Интересно Јирген Клоп беше еден од иницијаторите на оваа промена. Тој неколку години по ред редовно го прашуваше врвот на Премиер лигата и бараше зимска пауза. Сезонава постојано зборуваше за потребата за одмор и зошто е важна пауза за играчите пред напорните натпревари.
Дури и демонстративно реши да ги прати играчите на одмор по ремито со Шрузбери во Купот, после што на реваншот на „Енфилд“ не го ни водеше Ливерпул во знак на револт, туку отиде на зимски одмор.
КАКО ИГРА ЛИВЕРПУЛ ПОСЛЕ ЗИМСКИОТ ОДМОР
1:0 со Норич - тешко со мака го победија последниот тим на табелата во Премиер лига благодарение на гол во последните минути од мечот;
1-0 пораз од Атлетико - примија глупав гол уште на стартот и после ништо не направија во офанзица;
3:2 победа со Вест Хем - „Црвените“ губеа 1-2 дома на „Енфилд“ против екипа која немаше победа од 11 јануари;
3:0 - пораз од Вотфорд без никаква шанса ни за бод со екипата која се наоѓа во зоната за испаѓање;
2:0 - пораз од Челси и елиминација од ФА Купот.
НЕКОИ ВО ШЕГА ГО СПОМНУВААТ ПИСМОТО ОД МАЛИОТ ИРЕЦ
Во февруари 10-годишниот Дар Карли од Ирска во своето школо, на еден час, додека наставничката им рекла да им пишуваат писмо на своите омилени фудбалери и клубови, решил да не му пише на својот Манчестер Јунајтед, туку да му пише на Јирген Клоп.
По игра на судбината, кога никој не очекувал, Клоп седнал и му одговорил со писмо на малиот Карли кој несфатливо барал од Германецот Ливерпул да почне да губи зошто него како навивач на Јунајтед му е многу тажно да гледа како Ливерпул гази во сите натпреварувања.
Повеќе за писмата тука