Едно дете во школо му пишало писмо на Клоп, Германецот седнал и му одговорил

Мајка му на малиот Дерах отишла во пошта, а таму ѝ рекле дека има препорачано писмо на име на син ѝ. Жената се збунила и исплашила кој би можел од Англија да му пишува на малиот во Република Ирска. Кога виделе од кој е писмото се шокирале.

Фудбалерите на Ливерпул изгубија минимално од Атлетико Мадрид во 1/8 финале на Лига на шампиони, но тоа никако не влијае на состојбата во англиската Премиер лига. Таму клубот од „Енфилд Роуд“ буквално меле - не знаат за пораз дури од 3 јануари 2019 година.

Од тој јануари лани, до сега „црвените“ нанижаа серија од 25 победи и 1 нерешена средба во жестоката конкуренција на Премиер.

Ливерпул има чисто прво место со 22 бода предност и за неколку недели би можел да се израдува на титулата која што ја чекаат од 1990-та година, цели 30 години!

Ваквиот моќен Ливерпул многу ги растревожува навивачите на Манчестер Јунајтед. Меѓу нив и 10-годишниот Дерах Керли од градот Донегал во Република Ирска.

Во школото „Гленсвили“ во неговиот клас им дале задача да напишат писма до фудбалски клубови, играчи, тренери, асистенти. Сите пишале писмо до клубот за кој навиваат, освен Дерах. Он решил да му прати писмо на Јирген Клоп.

„Јирген Клоп,

Се викам Дерах. Имам 10 години. Одам во школото „Глинсвили“ во Донегал. Навивам за Манчестер Јунајтед и јасна е причината зошто ти пишувам.

Ливерпул победува на многу натпревари. Ако победите на уште 9 тогаш ќе ја имате најдобрата серија без пораз во англискиот фудбал. Како навивач на Јунајтед тоа е многу тажно. Така што кога Ливерпул следен пат ќе игра те молам направи да изгуби. Само пушти го другиот тим да даде гол. Се надевам те убедив да не ја освоиш лигата или да победиш на некој меч никогаш повеќе.

Искрено,

Дерах.

Во таква ситуација, апсолутно никој не очекувал одговор. Но две недели подоцна кога мајка му на Дерах, Триша отишла до пошта, таму и кажале дека на нивна адреса стигнало препорачано писмо. Таа се збунила зошто не било на нејзино име, туку на име на син ѝ.

„Прво си помисливме кој би можел да му пишува на Дерах од Велика Британија. Кога му кажа на Дерах дека му стигнало писмо, тој рипна: „А да, од Клоп е!“, раскажал Гордон Керли, таткото на малиот.

Јирген во одговор му напишал:

„Драг Дерах,

Прво, би сакал да ти се заблагодарам што ми напиша писмо. Знам дека не ми посака среќа или нешто како тоа, но секогаш е добро да се слушне од млад фудбалски навивач без разлика што, така што мило ми е што си пишал.

За жал, во оваа прилика не можам да ти удоволам на барањето. Колку што ти сакаш Ливерпул да губи, моја работа е да направам се што можам да му помогнам на Ливерпул да победи зошто има милиони луѓе во светот што сакаат тоа да се случи, така што не сакам нив да ги разочарам.

За твоја среќа, изгубивме многу натпревари во минатото и ќе губиме и во динина зошто тоа е фудбалот. Проблемот е кога имаш 10 години, мислиш дека работите секогаш ќе бидат како што посакуваш но ако има едно нешто што на 52 години можам да ти го кажам е дека тоа дефинитивно не се случува.

Откако го прочитав твоето писмо, можам мирно да кажам дека она што нема да се смени е твојата страст за фудбал и за твојот клуб. Манчестер Јунајтед е среќен што те има тебе.

Се надевам дека ако имаме доволно среќа да победиме уште повеќе натпревари и можеби еден ден да освоиме трофеи, ти нема да бидеш многу разочаран зошто нашите клубови се големи ривали и имаме голем почит едни кон други. Тоа е фудбалот според мене“, во потпис Јирген Клоп.

„Моето мислење за Клоп е високо и многу го почитувам. Се бори пеколно за својот тим. Откако го прочитав писмото само го забетонира моето мислење за него. Тој е еден во милион! Дерах се израдува до небо, пресреќен беше. Голема работа во писмото беше спортскиот дух. Прекрасно е и голем подарок. Син ми не престана да се смее“, рекол таткото на малиот.