Во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, Вардар имаше четири голови предност на три минути пред крајот, но Висла Плок успеа да дојде до реми 30:30, резултат кој му дава големи шанси на Вардар за четвртфинале.
Шпанскиот голман Давид Де Хеа го спаси Манчестер Јунајтед од резултатска катастрофа на Енфилд со неколку бравурозни одбрани. На крајот Црвените со 2:0 ќе патуваат на реваншот во Манчестер.
Во првиот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија Македонски Телеком славеше убедлива победа против Еуролинк, а другите две средби завршија со идентичен резултат од 2:1.
Ракометарите на Вардар убедливо со 34-26 го совладаа францускиот Монпеље во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Противник во осминафиналето веројатно ќе им биде како и лани, Висла Плок.
Во првиот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија Еуролинк и даде 10 гола на УНИКА, а до победи стигнаа и екипите на ФАКОМ и Македонски Телеком.
Четири натпревари - четири победи е учинокот на ракометарките на Вардар на последните дуели од групната фаза во ЛШ каде фатија залет за борбите во четвртфиналето.
Во 11 коло од Бизнис лигата на Македонија, прво во пролетниот дел, УНИКА освои бодови против ЈСП, ЕВН И ФАКОВ одиграа без победник, а средбата меѓу ЕЛЕМ И МЕПСО е одложена.
Вечерва се играат првите натпревари од Лига Европа, а изненадувањето на вечерта се случи во Данска, каде Манчестер Јунајтед загуби 2:1 од Митјиланд, екипа која игра првпат од декември.
Ракометарките на македонскиот шампион вечерва во Романија го совладаа тимот на Букурешт со 30:25 и го обезбедија третото место во главната фаза кое носи извесно полесен противник во четвртфиналето.
Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Германија против лидерот на Бундеслигата Рајн-Некар со 28:27 и првпат после четири меча против овој противник со спуштени глави го напуштија паркетот.
Ако некогаш важеше за место на кое на противникот уште при доаѓањето со клупскиот автобус му се тресеа нозе, на стадионот на Манчестер Јунајтед денес владее театарска атмосфера во која комотно може да дремнете саат-два без некој да ве разбуди.
„Стилот на Депај му одговара на Манчестер. Мислам дека е тип на играч кој ни недостасуваше уште од времето на Кристијано Роналдо, а претходно Бекам", изјави Гигс пред почетокот на сезоната, не свесен дека Холанѓанецот ќе биде најголемото разочарување.
Прекин на серијата од три порази, борба за подобар пласман во групата и задржување на формата пред паузата. Голем влог за дуелот против Колдинг на кој Раул Гонзалес ќе мора да игра без неколку стандардни првотимци кои се повредени.