ТРАНСМЕТ и ЈСП ги поделија бодовите

Третиот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија донесе три неизвесна меча во кои победи славеа Алкалоид и Адмирал.

Алкалоид со одличен напад до победа над АрцелорМиттал

Алкалоид 5-3 (3-1) АрцелорМиттал
Алкалоид: Стефан Димовски 3’ Оливер Христовски 11’ 30’ 35’Сунај Љазим 20’
АрцелорМиттал: Александар Зотиќ 20’ Александар Илиев 20’ Перо Ризов 38’
Екипата на Алкалоид првото полувреме го започна со одлична игра во делот на нападот каде што целосно ја имаше контролата и поврзаноста на редовите во предната линија, преку кои успеа да дојде до 3-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на АрцелорМиттал се обиде да фати резултатски приклучок, но Алкалоид не го дозволи тоа па го доби овој натпревар со 5-3.
 
Во возбудлив натпревар Адмирал ја совлда УНИКА

Адмирал 5-4 (3-1) УНИКА
Адмирал: Александар Лазаревски 2’ 34’ Албрим Шакири 6’ Спасе Новковски 12’ Горан Грковиќ 39’
Уника: Ибиш Мисини 12’ Арбен Нухиу 27’ Александар Петрушевски 32’ Шабан Чупи 39’ 
Екипите на Адмирал и УНИКА одиграа крајно неизвесен натпревар кој изобилуваше со доста квалитетен и атрактивен фудбал. Екипата на Адмирал стекна предност од 3-1 во првото полувреме која успе да ја одржи во текот на целиот втор период. Мора да се напомене дека екипата на УНИКА имаше доста шанси да израмни и премине во водство но екипата на Адмирал не го дозволи тоа па УНИКА го загуби овој натпревар со 5-4.
 
ТРАНСМЕТ и ЈСП ги поделија бодовите

ЈСП 4-4(2-2) ТРАНСМЕТ
ЈСП: Даниел Антовски 7’ 25’ Ивица Арсенов 19’ Марјан Србиновски 26’
ТРАНСМЕТ: Музафер Дестановиќ 1’ Бобан Велјановски 6’ 37’ Амер Скендеровиќ 39’
На самиот старт екипата на ТРАНСМЕТ влезе мотивирано во дуелот со ЈСП и експресно за само неколку минути поведе со 0-2. Екипата на ЈСП беше настојчива да го израмни резултатот, што и им појде од рака и на полувремето отидоа со резултат од 2-2. Во второто полувреме ЈСП не само што поведе туку и успеа целосно да ја превземе контролата на натпреварот и да дојде до водство од 4-2, но по груб старт остана со играч помалку па ТРАНСМЕТ успеа со 2 последователни гола и резултат од 4-4 да го заврши овој натпревар. 
10 март 2016 - 12:32