Времето сојузник на Систина во дуелот со АрцелорМиттал

Пекабеско, Систина и ЕВН со тесни победија го заокружуваат 12. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Пекабеско со целосен пресврт до победа над Шпаркасе банка
 
Шпаркасе банка 1-3 (0-0) Пекабеско
Шпаркасе банка: Деко Марков 24’
Пекабеско: Јовица Левајковски 31’ 34’
Екипите на Шпаркасе банка и Пекабеско одиграа полувреме со тактичко надмудрување и на двете страни се играше доста предпазливао не давајќи му на противникот да дојде до отворени шанси за гол, а и оние ретките до кои се доаѓаше не завршуваа во мрежта. Па така на полувремето се отиде со 0-0. На самиот стар на второто полувреме екипата на Шпаркасе банка ја превзема иницијативата постигнуваќи гол уште во раната фаза. Екипата на Пекабеско по примениот гол целосно ја промени играта и не само што успеа да го израмни резултатот туку и направи целосен пресврт и го доби овој натпревар со 1-3.
 
Времето сојузник на Систина во дуелот со АрцелорМиттал
 
Систина 4-3 (2-2) АрцелорМиттал
Систина: Александар Јаневски 12’ Влатко Кузманов 16’ Никола Трајковски 28’ Горан Манов 33’
АрцелорМиттал: Игор Мирчевски 11’ 13’ Александар Илиев 34’
Екипите на Систина и АрцелорМиттал одиграа крајно израмнето прво полувреме во кое преку брз и отворен фудбал видовме по два гола на двете страни. Но ниедна од двете екипи не успеа да дојде до водство на полувремето. Во второто полувреме екипата на Систина заигра поцврсто пред се во одбраната со што направи можност преку контра напади да дојде до отворени удари за гол, кои и ги реализираше и на само 5 минути од крајот имаше предност од 4-2. Во самиот финиш екипата на АрцелорМиттал со гол го намали водството но времето беше сојузник на екипата на Систина која го доби овој натпревар со 4-3.
 
Електричното дерби за ЕВН 
 
ЕВН 9-7 (6-2) ЕЛЕМ
ЕВН: Бојан Маџовски 5’ 38’ Ајет Новобрдарија 9’ Петре Даиловски 11’ 17’ Александар Димовски 14’ 16’ 37’ Илија Мандаров 27’
ЕЛЕМ: Петко Бушески 3’ Димче Димитријески 8’ 27’ 30’ Влатко Петровски 25’ Синиша Ковачевиќ 31’ Антонио Ничевски 35’
Електричното дерби, екипите на ЕВН и ЕЛЕМ го започна со голман играч на двете страни, прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ која го отвори овој натпревар. Екипата на ЕВН играше добра одбрана во прва линкија и ги искористи сите грешки во додавањата на ЕЛЕМ и успеа да ги претвори во гол, па оттука и високите 6-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ со одлична игра успеа да се врати во натпреварот но ЕВН не дозволи пресврт и го доби овој натпревар со 9-7.
3 март 2016 - 11:30