ЕЛЕМ во отворен фудбал до победа над ФАКОМ

Во вториот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија ЕВН оствари тесна победа над МЕПСО, а ЕЛЕМ и Еуролинк победија и постигнаа по 10 голови.

Еуролинк со три хет-трика до победа над Гранит

Гранит 5-10 (3-4) Еуролинк 
Гранит: Стеван Митревски 1’ 18’ Семир Прентиќ 7‘ Дарко Стојановски 30’ 40’
Еуролинк: Раде Бакев 1’ 17’ 37’ Дарко Кадински 4’ 29’ 36’ Ивица Стефковски 15’ 29’ 34’ Александар Кузинаков 26’
Екипите на Еуролинк и Гранит во првото полувреме прикажаа отворен фудбал со доста течен напад и на двете страни кој изобилуваше со атрактивни потези и одлична реализација. Во последните минути од полувремето екипата на Еуролинк успеа со гол предност да финишира. Во второто полувреме екипата на Еуролинк притисна во првата линија, пред се во делот на одбраната каде што дојде до израз нивната подобра физичка подготвеност во однос на Гранит. Овој сегмент екипата на Еуролинк го користеше во текот на целото второ полувреме за да на крајот дојде до убедлива победа од 5-10.
 
ЕЛЕМ во отворен фудбал до победа над ФАКОМ

ФАКОМ  7-10 (3-5) ЕЛЕМ
ФАКОМ: Лазар Јаневски 9’ 15’ 19’ Селајдин Кадри 29’ 39’ Боро Мисердовски 40’ Бобан Китановски 40’
ЕЛЕМ: Петко Бушески 3’ Синиша Ковачевиќ 4’ 5’ 25’ Димче Димитријески 8’ Антонио Ничевски 20’ Влатко Петровски 21’ 28’ 35’ 40’
Екипите на ФАКОМ и ЕЛЕМ во овој натпревар уште на самиот старт влегоа со голман-играч со што нвестија отворен фудбал со доста упатени удари кон двата гола. Првакот на табелата ЕЛЕМ во ваквата игра успеа да реализира голем дел од шансите за гол што не беше случај кај ФАКОМ кој промаши неколку сигурни шанси. Со ваква реализација екипата на ФАКОМ не можеше да очекува поволен резултат против расположениот ЕЛЕМ п го загуби овој натпревар со 7-10.
 
МЕПСО не го искористи играчот плус во дуелот со ЕВН

ЕВН 4-3 (3-1) МЕПСО
ЕВН: Дарко Цветковски 5’ Петре Даиловски 6’ Ајет Новобрдарија 12’ Вилијам Митев 26’
МЕПСО: Кире Наумовски 16’ Диме Рошковски 23’ 36’
Екипата на ЕВН имаше маестрален почеток во натпреварот со екипата на МЕПСО. Уште на самиот почеток успеа да постигне гол со што се створи комфортна зона која МЕПСО успеа да ја искористи и да го намали резултатот. Но екипата на МЕПСО во последните минути од полувремето не успеа да реализира пенал, па ЕВН отиде на полувремето со предност од 2 гола. На самиот старт од второто полувреме МЕПСО успеа да постигне гол и намали на 2-3, но ЕВН по само неколку минути го возвртати ударот. Во понтамошниот дел од натпреварот екипата на МЕПСО не успеа да искористи две исклучувања кај екипата на ЕВН, по што не можеше да очекува поволен резултат и го загуби овој натпревар со 4-3.
17 март 2016 - 09:45