Еуролинк подобар од УНИКА во осигурителното дерби

Во првиот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија Еуролинк и даде 10 гола на УНИКА, а до победи стигнаа и екипите на ФАКОМ и Македонски Телеком.

Факом со одлично второ полувреме до победа над ОНЕ.ВИП
 
Факом 4-1 (1-1) ОНЕ.ВИП
Факом: Боро Мисердовски 18’ 30’ 40’ Лазар Јаневски 33’
ОНЕ.ВИП: Дарко Таневски 12’
Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на Факом и ВИП.ОНЕ, се играше израмнето полувреме на двете страни во кое ниедна од екипите не успеа да поведе. На полувреме се отиде со израмнет резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Факом ја искористи подобрата физичка подготвеност и ги зеде работите во свои раце, правејќи целосен резултатски пресврт за победа на овој натпревар со 4-1.
 
Еуролинк подобар од УНИКА во осигурителното дерби

УНИКА 7-10(1-3) Еуролинк
УНИКА: Арбен Нухиу 11’ 31’ 33’ 35’ Влатко Деспотовски 23’ Ибиш Мисини 30’ 33’
Еуролинк: Игор Ристевски 10’ 13’ 34’ Ивица Стефковски 13’ 27’ 29’ 30’ 32’ 38’ Раде Бакев 40’
Во осигурителното дерби екипата на Еуролинк успеа да извојува победа против УНИКА во нaтпревар кој беше доста динамичен и со целосно отворен фудбал. Во текот на целиот натпревар екипата нa Еуролинк ја имаше иницијативата. Екипата на УНИКА во неколку наврати со голман-играч проба да дојде до резултатски приклучок, но екипата на Еуролинк не го дозволи тоа за на крајот да го добие овој натпревар со 7-10
 
Македонски Телеком во неизвесна завршница до победа над Гранит

Македонски Телеком 5-3(2-0) Гранит
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 6’ 16’ 39’ Душко Симоноски 27’ 40’
Гранит: Ернад Рамдедовиќ 32’ Денис Ташевски 35’ Стеван Митревски 39’
На самиот старт екипата на Македонски Телеком во дуелот со Гранит влезе мошне мотвирано пред се во делот на одбраната каде што ги затвори сите отверени удари на Гранит кон голот. Благодарение на одличната одбрана успеа да го задржи Гранит да не постигне гол на полувремето кое телеком го доби со 2-0. Второто полувреме Македонски Телеком успеа од контра-напад да го зголеми водството на 3-0. Во самиот финиш на натпреварот екипата на гранит со два погодоци успеа да фати резултатски приклучок но времето беше сојузник на екипата на Македонски Телеком која го доби овој натпревар со 5-3.
1 март 2016 - 10:38