Маестралниот Алкалоид му го нанесе првиот пораз на Лукоил

Во 11. коло од Бизнис лигата на Македонија победи остварија Алкалоид, Македонски Телеком и Еуролинк

Маестралниот Алкалоид му го нанесе првиот пораз на Лукоил

Алкалоид 6-2 (3-0) Лукоил
Алкалоид: Стефан Димовски 11' 21' 40' Сунај Љазим 2' 5' 37'
Лукоил: Маријан Цветковски 22' Владимир Секулоски39'
Екипата на Алкалоид мошне мотивирано влезе во дуелот со Лукоил и уште од првата минута играше стопроцентно ангажирано. Во текот на целиот натпревар екипата на Алкалоид ја имаше иницијативата и не му дозволи на Лукоил да ја наметне својата препознатлива игра. Мотивираниот Алкалоид беше подобар како во нападот така и во делот на одбраната со што извојува голема победа од 6-2.
 
Македонски Телеком со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско

Пекабеско 3-5 (1-1) Македонски Телеком
Пекабеско: Бобан Мициќ 4' Слободан Игнатов 21' Наум Костоски 29'
Македонски Телеком: Петре Велигденов 14' Душко симоновски 28' Влатко Манев 24' 35' 37'
Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Македонски Телеком, во текот на целото полувреме се водеше израмнета борба во која ниедна од двете екипи не успеа да оствари резултатска предност. На полувремето се отиде со нерешен резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком ги искористи грешките во одбраната на Пекабеско и направи пресврт со кој стигнаа до победа од 3-5.
 
Халкабанк немаше сили за целосен пресврт против Еуролинк
 
Еуролинк 8-5 (3-1) Халкбанк
Еуролинк: Дарко Кадински 8' Игор Стојчевски 25' Филип Блажевски 13' 37' Ивица Стефковски 1' 27' 30' 38'
Халкбанк: Дарко Калевски 34' 37' Игор Стојановски 40' Влатко Блажевски 19' 22'
Иницијативата на овој натпревар уште на самиот почеток ја имаше екипата на Еуролинк која постигна гол во раната фаза на натпреварот и се здоби со водство. Ова водство успеа да го сочува во текот на целото прво полувреме кое го доби со 3-1. На самиот старт од второто полувреме екипата на Халкбанк влезе мотивирано со цел да фати резултатски приклучок но екипата на Еуролинк благодарение  пред се на одличната реализација не го дозволи тоа и го доби овој нaтпревар со 8-5
24 февруари 2016 - 09:54