УНИКА со одлично второ полувреме до победа над ЈСП
ЈСП 2-8 (2-2) УНИКА
ЈСП: Сабит Хусеини 15’, Даниел Антовски 18’
УНИКА: Арбен Нухиу 16’, 19’, 32’, Влатко Деспотовски 24’, Љуљзим Каштањева 24’, 31’, Шабан Чупи 30’, Арбен Бајрами 33’
Пролетниот дел од овогодинешната Телеком Бизнис Лига го отворија екипите на ЈСП и УНИКА. Во првото полувреме се играше доста изедначен фудбал во кој ниедна од двете екипи не успеа да оствари резултатска предност, по што на полувремето се отиде со 2-2. Во второто полувреме екипата на УНИКА заигра доста поагресивно, пред се во делот на одбраната, каде што ги искористи сите грешки во додавањето на првата линија кај ЈСП, со што стекна значителна предност, која од минута во минута растеше за да на крајот се издвојува висока победа од 2-8.
ЕВН и ФАКОМ ги поделија бодовите
ЕВН 3-3 (0-0) ФАКОМ
ЕВН: Петре Даиловски 24’, 31’, Дарко Цветковски 37’
ФАКОМ: Бобан Китановски 30’, 36’, 38’
Екипите на ФАКОМ и ЕВН одиграа крајно тврдо прво полувреме, каде што акцентот беше целосно ставен на одбраната. И двете екипи играа доста тврд фудбал во кој тешко се доаѓаше до изгледна шанса за гол, па оттука и резултатот на полувремето 0-0. Во второто полувреме екипата на ЕВН искористи грешка во одбраната на ФАКОМ, по што дојде до водство од 1-0. Но набрзо потоа, по груб старт остана со играч помалку, по што следеше казна и израмнување на резултатот на 1-1. Во понатамошниот дел од натпреварот се играше гол за гол. Ниедна од екипите не успеа да постигне погодок за победа, по што на крајот ги поделија бодовите.