Алкалоид доминантен во дуелот со ТРАНСМЕТ

Во вториот ден од Бизнис лигата на Македонија ХАЛКБАНК беше убедлив против Адмирал, а МЕПСО со пресврт стигна до победа над ЈСП,

Алкалоид доминантен во дуелот со ТРАНСМЕТ

ТРАНСМЕТ 2-6 (0-3) Алкалоид
ТРАНСМЕТ: Музафер Дестановиќ 31’ 38’
Алкалоид: Стефан Димовски 1’ 12’ 20’ Сунај Љазим 30’ 37’ Нико Този 40’
Екипата на Алкалоид мошне мотивирано влезе од самиот старт во дуелот со ТРАНСМЕТ, успеа за неполна минута да постигне првиот гол и да се наметне како доминантна екипа во овој натпревар. Кај ТРАНСМЕТ беше воочлива слаба игра во одбраната и во клучните моменти не успеа да ги одбрани налетите на Алкалоид по што не можеше да очекува поволен резултат на овој натпревар кој го загуби со 2-6.
 
Во турбулентен натпревар МЕПСО подобар од ЈСП

МЕПСО 5-4 (1-2) ЈСП
МЕПСО: Виктор Петровски 2’ Кире Наумовски 23’ 35’ Диме Рошкоски 34’ Кристијан Михајловски 37’
ЈСП: Дејан Блажевски 10’ Љупчо Павловиќ 19’ Даниел Антовски 26’ Ивица Арсенов 29’
Екипата на МЕПСО го отвори натпреварот со погодок во раната фаза од натпреварот што беше доволно да стекне психолошка предност, но екипата на ЈСП возврати на тоа превземајќи ја иницијативата и правеjќи целосен пресврт од 1-2 на полувремето. Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма, екипата на ЈСП од минута во минута го зголемуваше водството за да во последните минути дојде до целосна консолидација во редовите на МЕПСО кои не само што направија целосен преврт туку и го добија овој натпревар со 5-4.
 
ХАЛКБАНК со перфектна реализација до победа над Адмирал

ХАЛКБАНК 8-3(4-3) Адмирал
ХАЛКБАНК: Марјан Атанасовски 9’ Игор Стојановски 10’ 22’ Дејан Петковски 14’ 28’ Мартин Дамевски 19’ Влатко Блажевски 40’ Ерсин Тахир 40’
Адмирал: Стефан Серафимовски 8’ Ненад Лазаревски 15’ Горан Грковиќ 15’
Во првото полувреме крајно возбудлив и динамичен натпревар одиграа екипите на ХАЛКБАНК и Адмирал. Во текот на целото полувреме се играше неизвесно и екипата на ХАЛКБАНК успеа со минимална предност од 4-3 да оди на полувремето. Во второто полувреме екипата на ХАЛКБАНК успеа да ги најде сите дупки во одбраната на Адмирал и со одлична игра и префектна реализација да дојде до убедлива победа од 8-3.
2 март 2016 - 11:54