Без многу напор и со ритам послаб од оној на претходните натпревари, девојките во црвено-црно штиклираа уште една победа во ЛШ. Овој пат против шведскиот Савехоф со 26:29 (1:14).
Вардарки поведоа на стартот, меѓутоа следуваа неколку погрешни додавања што домаќинките ги искористија за серија од 3:0 и водство 4:2, а потоа и високи 10:4. Тајм-аутот кој следуваше ги врати Скопјанки на пристојни 11:7, а потоа заиграа како треба. Иако Швеѓанките искористија неколку напади по ред, Вардар успеа на полувремето да замине со 14:14.
Вториот дел започна онака како што посакуваше македонскиот шампион, со два гола и водство кое што не го испуштаа до крај. Ефикасната игра и делумно организираната одбрана му овозможи на Вардар да ја сочува позитивата и да се приближи до победата.
На крајот конечни 26:29 и нова победа која е само потврда на добрата форма. Најефикасни ракометарки во ЖРК Вардар беа Маја Сокач со седум голови и Барбара Лазовиќ со пет. Домаќинките ги предводеа Луиса Санд со шест, а Јулиа Ериксон и Стине Андреасен дадоа по пет.
По одигрувањето на последното коло од оваа фаза ќе се знае конечниот распоред во групата и кој ќе биде противникот на ЖРК Вардар во 1/4 финалето од ЛШ. Ростов Дон е неприкосновен лидер, а од второто до четвртото место со по 10 бода во последното коло влегуваат Ларвик, Баја Маре и ФТЦ.