Таг: андреа лекиќ

Тоа бе женски

Андреа Лекиќ игра за Букурешт, а Јованка Радичевиќ замина во Будучност. И покрај тоа што и двете поранешни вардарки по долго време не играат заедно, сепак има што да ги спои. И другарството и песната. 

Мајсторскиот гол на Лекиќ на 20 секунди до крај

ЖРК Вардар вечерва беше најблиску до остварување на европскиот сон откако Андреа Лекиќ во стилот на Тимур Дибиров ја матираше голманската на Ѓер во последната минута од регуларните 60. Но Аморим не уништи и возврати со гол за продолженија.

Вардарки јуришаат кон тронот, победен и Битигхајм

Без многу потешкотии, опоравени од поразот во Мец, ракометарките на Вардар запишаа нов триумф во главната фаза на Лигата на шампионите и со 16 освоени бода го осигураа првото место во групата за полесен ривал во следната фаза.

Лекиќ во ЖРК Вардар заработува 45 македонски просечни плати

Две ракометарки на Вардар влегуваат во листата на топ 5 најплатени ракометарки во светот. Конечно дознавме нешто за темата која кај нас се чува како државна тајна.

Вардарки маршираат кон четвртфинале, поразен францускиот првак

Импресиите од машкото Европско полека слегнуваат, па затоа тука се ракометарките на Вардар да нè потсетат на нивниот поход кон круната европски шампион.

Вардарки убедливи во Германија

Европските вицешампионки ја забележаа и втората победа во новиот циклус на Лигата на шампионите откако попладнево со 29-21 (19-11) го совладаа Турингер на гости.

Вардарки по четврти пат на Фајнал Фор ќе јуришаат кон круната

На реваншот против данскиот Мидтјиланд ракометарките на Вардар славеа 26-24 и обезбедија пласман на турнирот Ф4 каде ќе атакуваат на титулата европски првак.

Ракометарките на Вардар со една нога на Фајнал Фор

Без тренерот Ирина Дибирова која што не отпатува во Данска, Вардарки славеа победа на гостувањето кај Мидтјиланд 26:28 и обезбедија мирен реванш.

Прв пораз за Вардарки, Катарина Булатовиќ немилосрдна

Давид Дејвис менуваше дури три голманки (Амандин Лејно, Ина Суслина и Мајсу Песоу) но 32-годишната Катарина Булатовиќ вечерва беше неверојатна и со 14 гола ја прекина победничката серија на Вардарки. 28:31 (16:17).

Црвено-црните за малку од готово вересија

Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија која сега изнесува 8 триумфи по ред, откако попладнево го победија Турингер после драматична завршница на мечот на кој имаа 8 гола предност.

Срушен митот Морача, Вардарки конечно го победија Будуќност

Во сенка на Светското за мажи, вечерва почна главната фаза на женската Лига на шампиони. Вардарки ја совладаа црногорската Будуќност 28-31 која загуби на домашен терен првпат после цели четири години.

Вардарки ќе патуваат на далечен пат во Русија

Првиот ден од седмиот месец во годината беше среќен за ракометарките на ЖРК Вардар, кои во Данска ги дознаа противниците во првата групна фаза од Лигата на шампионите.

Вардарки одат по европскиот трофеј

Ракометарките на Вардар попладнево загубија 28:26 во формалниот реванш со Ларвик во Норвешка, но по 14-те голови предност во Скопје пласманот на четвртиот Фајнал фор по ред не се поставуваше.

Триумф на Вардарки за нов почеток во четвртфиналето

Четири натпревари - четири победи е учинокот на ракометарките на Вардар на последните дуели од групната фаза во ЛШ каде фатија залет за борбите во четвртфиналето.

Вардарки до важен триумф во Романија

Ракометарките на македонскиот шампион вечерва во Романија го совладаа тимот на Букурешт со 30:25 и го обезбедија третото место во главната фаза кое носи извесно полесен противник во четвртфиналето.

Вардарки во голем стил им се вратија на победите

Во добра форма ракометарките на Вардар после паузата во ЛШ фатија ритам и убедливо со 37:25 го совладаа шведскиот Савехоф.

Будуќност и натаму енигма за Вардарки

Залудно ракометарките на Вардар цела недела најавуваа борба до последен здив во Црна Гора, затоа што Будуќност им одржа час по ракомет 31-19.

Вардарки победнички ја отворија 2016-та

Во мошне тежок и неизвесен меч, ракометарките на Вардар според очекувањата го совладаа романскиот ЦСМ Букурешт во Скопје со 22:21 (11:11).

Голот на Лекиќ кој влезе во топ 5

Ракометарките на ЖРК Вардар викендов ја наполнија мрежата на Хипо со 37 погодоци, а најатрактивниот од нив ЕХФ го смести во листата на топ 5 голови на колото.

Рутинска победа на Вардарки против некогашниот гигант Хипо

Ракометарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога против Хипо 37:25 (15:14), и се пласираа во главната фаза на ЛШ, каде за противник ќе ги имаат Будуќност, Букурешт и шведскиот Савехоф.

Црвено-црна демонстрација на сила

Ракометарките на Вардар попладнево стигнаа до втората победа во Лигата на шампионите, откако во Јане Сандански убедливо триумфираа против данскиот шампион Митјиланд 33:24 (16:8)

Вардарки ја надополнија црвено-црната вечер

По воведниот пораз од Ѓер во Скопје, ракометарките на Вардар се консолидираа и со убедливи 13 голови разлика славеа против Хипо, 25-38.

Црвено-црните девојки одат на Хипо и Митјиланд

Ракометарките на Вардар вечерва ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите. Индира Кастратовиќ задоволна од исходот и верува дека нејзините избранички сигурно ќе чекорат до Фајнал форот.

Демонстрација на сила во Ѓер за пласман на фајнал фор

По убедливиот триумф во Скопје, ракометарките на Вардар ремизираа во Ѓер 27-27 и втора година по ред ќе бидат дел од ракометниот крем.