Вардарки ќе играат во групата Ц против екипите на Митјиланд (Данска), Хипо (Австрија) и победникот квалификационата група 1 каде Ѓер ќе игра против Раднички од Србија, а Далфсен (Холандија) против Гласверкет (Норвешка).
„Сите противници ни се добро познати. Митјиланд минатата сезона не беше дел од Лигата на шампионките имаше многу проблеми со повредени ракометарки. Хипо повеќе не е онаа екипа која што ја познаваат љубителите на ракометот во Скопје така да Ѓер е тимот што ќе ни биде директен конкурент за освојување на првото место во групата. Морам да потенцирам дека Вардар си има свои зацртани цели и како и секоја година сакаме да се пласираме на Фајнал фор и тоа ни е приоритет. Ние мораме да се фокусираме на нашата игра и откако ни се познати противниците ние почнуваме со подготовка за сите", изјави Кастратовиќ после ждрепката.
Во сезоната 2013/2014, Вардар против Митјиланд играше три пати и има учинок од две победи и еден пораз. Против Ѓер Вардар има убаво искуство од минатата сезона зата што во април македонскиот шампион го елиминираше унгарскиот тим по триумфот во Скопје и ремито во Унгарија.
Распоред на групите:
А група: Ларвик, Крим, Ростов Дон, победник на квалификациона група 2.
Б група: Ференцварош, Турингер, Подравка, Флери.
Ц група: Митјиланд, Вардар, Хипо, победник на квалификациона група 1.
Д група: Будуќност, Букурешт, Савехоф, Лублин.
Натпреварите во групната фаза почнуваат во периодот од 16 до 18.октомври 2015 година, а титулата европски првак ја брани екипата на Будуќност од Црна Гора.