Со вечерашниот триумф, ракометарките на Вардар се искачија место погоре во групата во која бод повеќе имаат унгарскиот Ѓер и црногорскиот Будуќност кои на контото имаат седум освоени бода.
Лекиќ го отвори резултатот по препознатливиот дриблинг, но гостинките во првите три минути направија пресврт и покажаа дека во Скопје дошле да се надигруваат. По 11. минути игра, Романките имаа нималку наивни 3-6, а најзаслужна за таквиот развој на настаните во СЦ Јане Сандански беше голманката на Букурешт Јелена Алексиќ која запиша шест одбрани.
Реагираше Јан Питлик, кој со висок тон го држеше тајм-аутот после кој Црвено-црните девојки заиграа фуриозно и со серија 6-1 на семафорот запишаа водство од 9-7. Од тој момент Вардарки ја покажаа старата болка, кога треба да го скршат отпорот на противникот, му дозволуваат да се врати. Така Романките до полувремето обезбедија 11-11, резултат кој го постави Родригез.
Околу 2.500 гледачи во Јане Сандански вечерва се зачудија по новата серија на Букурешт кој по враќањето од полувремето поведе со 13-11. До 49. минута од мечот домаќинките играа гол за гол, за конечно да почнат да го решаваат прашањето на победникот со серија голови. До крајот фуриозен настап на Лекиќ, Пенезиќ и Дембеле за конечни 22-21 и победа на Вардар.
Србинката постигна пет, Хрватката и Французинката по четири голови и на тој начин беа најефикасни кај ЖРК Вардар. Лејно запиша 11 одбрани, Суслина 5 но во важните моменти, а се чини дека гостинскиот голман Алексиќ беше играч на натпреварот со неверојатни 16 одбрани.
Вардар со оваа победа е трет и има шест бодови, еден помалку од Ѓер и Будуќност. Во следното коло, Скопјанки гостуваат во Подгорица на мегдан со Будуќност на 17. јануари.