Во најтешкиот натпревар сезонава, против некогашниот европски првак Кил, ракометарите на Вардар загубија 28-27 но поради триумфот на гости пред седум дена со гол повеќе одат на историскиот втор Фајнал Фор каде ќе го бранат златото!
Во дербито на двата гиганти на европскиот ракомет и меч на неделата според ЕХФ, Вардар го совлада полскиот Виве Таурон Кјелце со 40:34 (18:18) и го презеде лидерското место во групата Б.
Црвено-црните ја запишаа и втората победа во групната фаза од ЛШ. Имаа проблеми во првиот дел против Мешков, но во второто полувреме заиграа победнички, славеа 31:27 и во добра атмосфера ќе патуваат во Целје.
Актуелниот македонски првак и единствен претставник во Јадранската лига, МЗТ Скопје доби покана од раководните луѓе на Еврокупот за учество во ова елитно натпреварување.
Ракометарите на Вардар убедливо со 34-26 го совладаа францускиот Монпеље во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Противник во осминафиналето веројатно ќе им биде како и лани, Висла Плок.
По којзнае кој пат Металците и Црно-белите одиграа драматични последни 2 минути од еден натпревар. За разлика од првиот меѓусебен меч во Белград, кога МЗТ загуби буквално на една топка, сега на баскетот поубаво му беше во кошот на Партизан за конечни 82:78.
За разлика од Вардар, Монпеље во сабота мора да оди на победа доколку сака пласман во следната рунда. Французите ќе играат без нивниот најдобар играч, Матеј Грабер кој е повреден. Гонзалес го почитува, но не се плаши од Монпеље.