По заминувањето на Јан Питлик, а со Дејвис Камара во улога на стручен соработник на Индира Кастратовиќ, девојките во црвено-црно 10 минути го кршеа отпорот на противникот. По нерешените 8:8 на семафорот, Вардарки земаа залет и цели 9 минути не примија гол, а дадоа 6 што значеше убедливо водство од 14:8.
Андреа Кликовац со убав гол го затвори полувремето на кое домаќинките заминаа со позитива од 9 голови, 19-10.
Вториот дел, кога веќе психолошки се ослободија, беше лесен тренинг за избраничките на Кастратовиќ. Лејно блескаше на голот, а пред финишот своја шанса доби и Драгана Петковска која го чуваше голот 9 минути. На крајот конечни 37-25, со по шест голови на Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ, а по пет постигнаа Јованка Радичевиќ и Сокач.
Со поразот на Будуќност од Ѓер, Вардар се протна на третата позиција пред гостувањето следната недела во Романија.