Лекиќ во ЖРК Вардар заработува 45 македонски просечни плати

Две ракометарки на Вардар влегуваат во листата на топ 5 најплатени ракометарки во светот. Конечно дознавме нешто за темата која кај нас се чува како државна тајна.

На толку вложувања во инфраструктура и создавање силен тим во фудалскиот, но пред сè во машиот и женскиот ракометен колектив, редно време беше да дознаеме колку Сергеј Самсоненко го плаќа својот играчки кадар.
 
Со оглед на годишниот буџет кој во една тв емисија Русинот откри дека изнесува 12 до 13 милиони евра за сите три екипи, за очекување беше да се прочита тоа и што се слушаше низ чаршијата. Дека ракометарките и ракометарите земаат по неколку илјади евра месечно, ама никако да дознаеме точно колку.
 
Романскиот сајт tolo.ro ги објави платите на најплатените ракометарки во светот, а на врвот има две имиња од ЖРК Вардар: Андреа Лекиќ и Александра Лакрабер кои заработуваат сочни 205.000 евра годишно или 17.000 евра месечно, плата за која се зборуваше дека ја зема и Лино Червар кога пристигна во Металург во 2009-та.

Најплатена ракометарка во светот според овие пишувања е Кристина Неагу од ЦСМ Букурешт, клубот каде пред неколку дена беше соопштено дека освен Лекиќ дефинитивно заминуваат и Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ.
 
Романскиот шампион следната година ќе располага со рекордни 15 милиони евра годишно, што е за 5 милиони повеќе од пред 10 години, а на Лекиќ ќе и ја дава истата плата што ја зема во ЖРК Вардар.
 
Во машиот ракомет парите кои се вртат се поголеми. Најплатени во светот се Никола Карабатиќ и Микел Хансен со по 700.000 евра годишно. Кој знае колкава плата ќе му даваат на Раул Гонзалес. Неофицијално се спомна сума од 2,5 милиони евра по сезона.
23 февруари 2018 - 10:01