Група А: Будуќност, Турингер, Мец, победник квалификант
Група Б: Вардар, Астраханочка, ФТЦ Раил Карго Ференцварош, победник квалификант
Група Ц: Ѓер, ЦСМ Букурешт, Митјиланд, Ростов Дон
Група Д: Ларвик, Есјберг, Савехоф, победник квалификант
Истиот систем на натпреварување од минатите години ќе се користи и во новата сезона, односно четири групи со по четири екипи ќе се борат за пласман во главната фаза. Најдобрите три екипи од секоја група ќе играат во две новоформирани групи од главната фаза. Дуелите ќе се играат во петок, сабота и недела.
Натпреварите во Лигата на шампионите започнуваат од 21-25 септември.
Таму, првите четири од главната фаза ќе одат во четвртфинале, а подобрите од овие средби ќе обезбедат пласман на Фајнал Форот. Вардарки во изминатите три години обезбедуваа учество на Фајнал Форот, но ниту еднаш не успеаа да се пробијат во финалето и да се борат за највредниот трофеј во женскиот клупски ракомет.
Актуелен шампион е ЦСМ Букурешт, романскиот претставник кој ќе ја брани титулата во елитното натпреварување која што сосема неочекувано ја освои лани во финалето против фаворитот Ѓер, првпат во историјата.