ЕЛЕМ со победа над Лукоил до врвот на табелата

Во првиот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија Македонски Телеком славеше убедлива победа против Еуролинк, а другите две средби завршија со идентичен резултат од 2:1.

ЕЛЕМ со победа над Лукоил до врвот на табелата

ЕЛЕМ 2-1 (0-0) Лукоил 
ЕЛЕМ: Слободан Лајкоски 33’ Синиша Ковачевиќ 40’
Лукоил: Љупчо Апостоловски 37’
Се играше натпревар во кој целосно беше ставен акцентот на одбраната и двете екипи играа доста затворен фудбал во кој тешко се доаѓаше до отворена шанса за гол. резултат од 0-0 стоеше се до самиот финиш на натпреварот кога екипата на ЕЛЕМ преку контра напад успеа да поведе со 1-0. Лукоил по само неколку минути преку одлично проиграна акција успеа да израмни на 1-1, но ЕЛЕМ беше решен да го добие овој натпревар па во самиот финиш преку снаодливиот Синиша Ковачевиќ успеа да го добие овој натпревар со 2-1.
 
МЕПСО со гол во финишот до победа над Шпаркасе банка

МЕПСО 2-1 (1-1) Шпаркасе банка
МЕПСО: Кире Наумовски 13’ Виктор Петровски 34’
Шпарксе банка: Стојанчо Јосифоски 17’
Екипите на МЕПСО и Шпаркасе банка одиграа крајно израмнето прво полувреме во кое двете екипи дадоа по еден гол и ниедна не успеа да оствари резултатска предност. Во второто полувреме и двете екипи останаа со играч помалку но ниту една од екипите не успеа да го преточи тоа во гол. Екипата на МЕПСО во самиот финиш успеа да го постигне победничкиот гол и да го постави конечниот резултат од 2-1.
 
Манев со хет-трик ја донесе победата на Македонски Телеком во дуелот со Еуролинк

Еуролинк 3-8(2-2) Македонски Телеком
Еуролинк: Ивица Стефковски 16’ 20’ Александар Кузниаков 40’ 
Македонски Телеком: Агрон Пацоли 8’ Петре Велигденов 20’ Душко Симоновски 37’ Михајло Лазаревски 30’ Влатко Манев 23’ 35’ 40’ Роберт Попоски 39’
Во доста брз и отворен фудбал истече првото полувреме од натпреварот помеѓу Еуролинк и Македонски Телеком, и на двете страни се водеше рамноправна борба и преку контра напади и двете екипи успеаа да постигнат по 2 гола за израмнето прво полувреме. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком влезе мошне мотивирано и успеа да ги реализира сите отворени шутови за гол, па од тука и високите 3-8 на крајот на натреварот.
8 март 2016 - 15:04