Сè уште е генијалец кога е во прашање подготовката за неговиот следен противник и сè уште е неверојатно харизматичен лик. Но сега тој е осуден на споредни улоги.
Во една минута само си ја вршиш својата работа, во следната Жозе Мурињо ти прави „да пукне“ и целиот свет дознава за тебе. Иако ти уште мораш да учиш за тест по математика во школо.
Немања Матиќ е човекот чии корени водат и до тетовската околина поради што брат му во еден момент можеше да заигра за репрезентацијата на Македонија. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед важи за голем патриот кој деновиве се најде на удар на британските медиуми.
Еден од најдобрите фудбалери синоќа на легендарниот стадион на Манчестер беше младиот Хари Вилсон кој е позајмен играч од Ливерпул и кој не пропушти прилика да ги изнервира навивачите на Јунајтед.
Жозе е најтажниот тренер летово. Прво го викнаа да анализира натпревари од Светското на канал кој немаше права на пренос, после поради обврски го пропуштил полнолеството на ќерка му, па му почнале фудбалските проблеми.
Во ситуација кога ги гледате најголемите ѕвезди на светскиот фудбал кои прават чуда со топката, тивкиот и скромен Начо од сенка ви делува како недоволно вешт за да биде дел од големото семејство на Реал. Но не е така.
Во историјата на Реал Мадрид играл само еден стопер од Франција - Луи Хон. Тој настапувал за „кралевите“ во ’50-те години и бил еден од првите европски легионери. Денес негов наследник е Рафаел Варан.
За еден сер Алекс Фергусон да му се обрати на Мурињо и да му препорача дете, за него уште голобрад да се борат Шкотска и Англија, тогаш стварно треба да си бисер каков што е Скот Мектоминеј - новиот миленик на навивачите на Јунајтед.
Мурињо покажа дека е голем стручњак зошто на така важен меч го седна Погба на клупа а го стави малиот Скот МекТоминеј во првите 11. Кога еден новинар се сетил да го праша за тоа, Жозе направи добар гест.
Некогашното дете од школата на Манчестер Јунајтед денес го носи целиот прв тим во моменти кога на соиграчите не им оди баш најдобро. Го ашкаа по позајмици во втора лига за да се врати на „Олд Трафорд“ како зрел играч спремен за настап на Мундијалот 2018.
Во годината со која се поздравивме имаше многу настани кои ќе се раскажуваат уште долго време. Прошталните средби на Тоти и Чаби Алонсо, хет-трикот на Меси за пласман на Светско, смешниот Мамаду Сако, голманот на Мајнц и уште многу други.
Неодамна на 27. август славел 18-ти роденден и полнолетство а само 53 дена подоцна бранеше против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Кој е бисерот Миле Свилар?
„Понекогаш кога победувам не ги чувам медалите, па замислете кога ќе изгубам. За мене, медалот веројатно ќе завршеше во некое ќоше во домот, а за тоа дете е месечината - нешто што ќе го чува и ќе се сеќава“, изјави Жозе Мурињо после мечот. Малиот се вика Деџи.
Само што им ги поделија медалите на фудбалерите и тренерите на Јунајтед, Жозе Мурињо тргна кон делот каде беа нивните навивачи и медалот му го подари на едно од децата на трибината. Голем гест за поздравување, за разлика од победничкиот тим кој недоволно ги удостои своите следбеници.
Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.
Кога добил фудбалски повик да се пресели во престолнината Кито, мајка му и брат му собрале пари за автобуска карта, а татко му неколку дена не знаел каде е син му и го барал за да му помага со шишињата.
Кога на 5. јануари седна на клупата, Хал Сити беше на дното. За само еден месец Португалецот Марко Силва успеа да го победи и еднаш да ремизира со неговиот сонародник Мурињо и богатиот Манчестер Јунајтед.
Од Земун преку Прилеп и Пирот патот го носи во Ајндховен, Лондон, Париз, Истанбул, Мадрид, Санкт Петерсбург и Хонг-Конг. Матеја Кежман е најомилениот играч во кариерата на Гус Хидинк и фудбалер кој Тери го спречил да се степа со Жозе Мурињо
Како мал станувал во 5 сабајле за да разнесува млеко и да заработи 80 пезоси. По работата одел во вежбална, па на тренинг. Никој од младинските тренери не верувал дека слабичкиот Хавиер ќе стане професионален фудбалер, а тој одигра повеќе од 700 средби.
Кога имал 17 години на турнир во Буркина Фасо го забележале скаутите на Еспањол на кои оние од Јувентус и Севиља им викале дека малиот е „тактички дибидус“. Тимот од „Мадригал“ за него доби 40 милони од „Олд Трафорд“ летово.
Жозе Марио Мурињо, синот на Специјалниот вербално ги нападна навивачите на Челси и изјави дека никогаш не видел полоша публика. Синот на Џорџ Бест го посрамоти татко му во книгата, а ништо подобар не е ниту синот на Брендон Роџерс.
Челси за новата сезона купи две големи ѕвезди како Фабрегас и Диего Коста, но синоќа од срамен пораз против австрискиот клуб РЗ Пелетс ги спаси тинејџер. Се работи за Жереми Бога роден 1997 година кој почна да игра за тимот од Лондон уште од тимот У12.